Изложбата „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“ поставена во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, е отворена за јавност изложбата под наслов „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“.

Личеноски Лазар, Акт, масло на платно, 1927, 49х60

Оваа изложба претставува селекција на педесеттина дела (слики и скулптури) на едни од најрано прибавените експонати за нашата колекција, вклучително и исклучително вредни дела, од кои голем дел биле претставени и на првата постојана поставка од формирањето на галеријата.

Овој избор е само мал дел од исклучителните уметнички остварувања од XIX до средината на ХХ век, во кои ликовниот јазик на врвните мајстори се движи од класицизам до модернизам (преку неоромантизам, импресионизам, сецесија итн.), со акцент на студиозно третирање на фигурата и особено портретот.

Јовановиќ Паја, Портрет на дама, масло на платно, околу 1920, 64х78

„Ова е ретка можност, во наредните две недели, повторно да се видат овие дела кои предизвикуваат особен интерес кај публиката, а се повремено претставувани во рамките на различни тематски изложби во организација на Националната галерија“, велат оттаму.

На изложбата „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“ се  претставени дела од следните автори: Сава Шумановиќ, Стеван Алексиќ, Петар Добровиќ, Матеј Стернен, Константин Данил, Никола Алексиќ, Стефан Тодоровиќ, Весна Соколиќ, Урош Предиќ, Паја Јовановиќ, Матеј Јама, Надежда Петровиќ, Зора Петровиќ, Петар Добровиќ, Влахо Буковац, Крсто Хегедушиќ, Марко Мурат, Леон Коен, Целестин Медовиќ, Никола Граовац, Павел Ѓурковиќ, Владимир Филаковац, Љубо Бабиќ, Коста Хакман, Мирослав Краљевиќ, Коста Милиќевиќ, Стојан Аралица, Лазар Личеноски, Миливој Узелац, Антун Аугустинчиќ, Тома Росандиќ, Иван Мештровиќ, Франо Кршинич, Ристо Стијовиќ.

Мештровиќ Иван, Глава на жена, 1931-32, бронза, 55х28х20
реклама

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Силен земјотрес во Турција

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Read more

Култура

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65-то Охридско лето

Read more

Бесплатен концерт на македонско-турско дуо во Даут Пашин Амам

Read more

Браќа Манаки објави повик за пријавување филмови за 46. издание

Read more

87 дела од колекцијата на МСУ-Скопје ќе бидат изложени во Љубљана

Read more
 

Вести

ЕУ: Ако не постигнеме договор со Америка за царините, ќе одговориме со контрамерки

Читај повеќе

Трамп го нападна Зеленски за неговите изјави за Крим: Заврши ја работата, ќе ја изгубиш целата земја

Читај повеќе

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Читај повеќе

Утре нестабилно време со врнежи и грмежи

Читај повеќе

Јакимовски: Пресудата е политички мотивирана

Читај повеќе

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Читај повеќе

Свириденко: Украина е подготвена за преговори, но не и за предавање

Читај повеќе

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Читај повеќе

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65-то Охридско лето

Читај повеќе