Измислена лепенка што може да открие алкохол и кофеин во крвта

Изуми за кои мислевме дека се дел од футуристичките замисли, стануваат реалност.

Тим инженери од Универзитетот во Сан Диего измислија нова, мека и растеглива лепенка што може да се носи, која може истовремено да го следи крвниот притисок и пулсот, како и нивото на гликоза, алкохол и кофеин во телото. Тимот тврди дека ова е прва ваква лепенка.

Лепенката беше тестирана на голем број испитаници кои извршуваа разни задачи и се покажа дека е најфункционална кога се носи на вратот. Тестирањето опфати широк спектар на задачи како што се вежбање, консумирање оброци со висок шеќер, пиење кофеински или алкохолни пијалоци и слично. Читањата беа скоро точни како оние од комерцијалните уреди со истата намена.

„Овој вид на опрема што може да се носи ќе биде од голема корист за луѓето чии здравствени услови бараат постојан мониторинг на здравствените индикатори“, вели Лу Јин, коавтор на трудот за истражувањето, објавен во списанието Nature Biomedical Engineering.

„Може да послужи и како одлична алатка за далечинско следење на пациентите, особено за време на пандемијата на COVID-19 кога луѓето ги минимизираат личните посети во болница“, вели Јин, пренесува Futurism.

На пример, лепенката може да им овозможи на дијабетичарите постојано да го следат нивото на шеќер во крвта или да детектираат сепса.

„Новина е што земаме сосема различни сензори и ги поврзуваме заедно на една мала платформа со големина на марка. Со овој уред, можеме да собереме толку многу информации на неинвазивен начин, без да предизвикаме непријатност или прекини во секојдневните активности“, вели Џозеф Ванг, професор на Универзитетот во Сан Диего и коавтор на студијата.

Лепенката е тенок лист растегливи полимери со сензор за крвен притисок и два хемиски сензори, еден за лактат (биомаркер на физички напор), кофеин и алкохол во пот и еден што ги мери нивоата на гликоза.

Remote video URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на кориснициte

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе