Израел донесе закон со кој се овозможува откривање на имиња на лица кои не се вакцинирани

Израелскиот Парламент денеска му одобри на Министерството за здравство да им ги открива имињата на луѓето кои не биле вакцинирани против коронавирусот на другите тела на власта во земјата, предизвикувајќи критики за нарушување на приватноста на граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат.

Законот, донесен со 30 гласа „за“ и 13 „против“, им дозволува на локалните власти, генералниот директор на Министерството за образование и на некои вработени во Министерството за социјални работи да ги дознаат имињата на овие лица, нивните адреси и телефонски броеви.

Одредбата, која ќе биде во сила три месеци или додека не заврши пандемијата, има за цел да им дозволи на властите да ги охрабрат луѓето да се вакцинираат обраќајќи им се лично, соопшти Парламентот.

Повеќе од 3 милиони луѓе во Израел веќе примиле две дози на вакцината на Pfizer/BioNTech, што е речиси една третина од околу 9 милиони жители.

Затоа во неделата стапи во сила третото отворање од почетокот на пандемијата кога беа отворени трговски центри и улични продавници за сите граѓани.

Некои места сепак се отворени само за оние кои примиле и втора доза од вакцината или прележале COVID-19 и имаат потврда за тоа.

Израелската Влада истакна дека целта е до април да се вакцинираат 6,2 милиони луѓе.

Од почетокот на пандемијата во Израел се регистрирани повеќе од 760.000 случаи на COVID-19, а повеќе од 5.600 луѓе починале.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе