Израелски нуркач откри крстоносен меч стар 9 века
Нуркачот Шломи Катзин нуркал во крајбрежните води кај Кармел во саботата кога ненадејно наишол на вреден артефакт на морското дно.
Подводните снимки кои ги направил покажуваат разни предмети на морското дно, како камено и метално сидро, парчиња керамика и, најважното, 130 сантиметри долг меч.
Мечот веднаш го им го предал на израелските власти задолжени за антиквитети кои востановиле дека е одлично сочуван, направен од железо и е стар 900 години, од времето на витезите, кога во Израел доаѓале темпларите и крстоносците.
Каменото сидро е старо 4 илјади години.