Изречени 9 казни и 47 опомени за непрописно фрлање кабаст отпад

За време на изминатиов викенд екипите на Градскиот инспекторат со поддршка на Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ спроведоа акции на повеќе локации на територијата на општините Чаир и Карпош за контрола на јавните површини, а во врска со непрописното фрлање кабаст отпад.

За време на овие контроли тие затекнаа граѓани кои непрописно одлагаат кабаст отпад, при што се изречени 47 опомени и 9 казни.

Контролите беа спроведени на повеќе локации кои претходно од граќани биле посочени како места каде што често непрописно се одлага кабастиот отпад, а за поуспешно реализирање на акцијата, во надзорот беше вклучен и дрон.

„Апелираме до граѓаните да ја чуваат животната средина и јавните површини од загадување, а отпадот од домаќинствата да го одлагаат исклучиво во контејнерите наменети за комунален смет“, порачува Град Скопје.

За потсетување, ЈП „Комунална хигиена“ воведе новитети кај услугата за собирање и транспорт на кабастиот отпад од домовите на граѓаните. Жителите на главниот град коишто имаат потреба да се ослободат од својот стар мебел и неупотребливите електронски и електрични уреди, можат на бесплатниот телефонски број 0800 222 33 да ја нарачаат услугата за подигнување и транспорт на отпадот со специјалните возила на ЈП „Комунална хигиена“.

Со воведените измени на услугата, граѓаните ќе имаат можност да ја одберат опцијата нивниот кабаст отпад да биде преземен директно од внатрешноста на домот, без разлика дали станува збор за индивидуални или за колективни домаќинства.

Услугата за собирање кабаст отпад од домовите на граѓаните се наплатува во согласност со ценовникот на ЈП „Комунална хигиена“.

Патролата начекала и совесни граѓани, а еден таков го објавија и на како пример за останатите:

„Овој добар човек застана на крстосницата на улиците „Брадфордска“ и „Јуриј Гагарин“ за да го одложи домашниот стаклен и пластичен отпад во контејнерите за селекција, а луѓето од ЈП „Комунална хигиена“ Скопје и Инспекторат на Град Скопје ја искористија приликата да му заблагодарат за покажаното високо ниво на свест кое значително ја олеснува нивната работа, а и градот го прави почист и поуреден“.

Фото: Град Скопје

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more
 

Вести

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе