ФИБА ЕВРОБАСКЕТ 2025 КИПАР/ФИНСКА/ПОЛСКА/ЛАТВИЈА

Извлечени групите за ЕвроБаскетот 2025

Ждрепката за одредување на четирите групи за ФИБА ЕвроБаскет 2025 се одржа денеска во латвискиот главен град Рига.

24-те нации учеснички ги открија своите противници за претстојното 42. издание на континенталниот собир откако беа подредени во четири групи, според рангирањето што се базираше на Светското рангирање на ФИБА.

Легендите на европската кошарка, Руди Фернандес, четирикратен шампион и амбасадор на настанот, и Никос Зисис, кој победи на натпреварувањето во 2005 година, помогнаа во извлекувањето на репрезентациите во нивните соодветни групи во Кипар, Финска, Полска и Латвија.

Меѓу присутните на настанот, чиј домаќин беше Латвиската кошаркарска асоцијација, беа министерот за економија на Латвија, Викторс Валаинис, градоначалникот на Рига, Вилнис Кирсис, претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса, претседателот на ФИБА, Шеик Сауд Али Ал-Тани, извршниот директор на ФИБА Европа, Камил Новак, како и коделегациите од четирите домаќини.

Фортуната вака ги одреди групите:

Група А:

Србија
Латвија
Чешка
Турција
Естонија

Португалија

Група Б

Германија
Литванија
Црна Гора
Финска
Велика Британија
Шведска

Група Ц

Шпанија
Грција
Италија
Грузија
Босна и Херцеговина
Кипар

Група Д

Франција
Словенија
Полска
Израел
Белгија
Исланд

Remote video URL

Четирите кодомаќини беа претходно назначени во нивните соодветни групи со Групата А која ќе се игра во Рига, Латвија; Група Б во Тампере, Финска; Група Ц во Лимасол, Кипар и Група Д во Катовице, Полска.

Секој кодомаќин, исто така, можеше да избере земја-партнер што ќе биде ставена во истата група со договорите постигнати меѓу Летонија и Естонија, Финска и Литванија, Кипар и Грција, како и Полска и Исланд.

ЕвроБаскетот 2025 започнува со групната фаза што се игра од 27 август до 5 септември, пред финалната фаза да се одржи исклучиво во главниот град на Латвија, Рига, од 6 до 14 септември.

Водечкото натпреварување на ФИБА Европа, ЕвроБаскетот е најпрестижниот кошаркарски настан на континентот со историја што датира од 1935 година. Ова е ќе биде издание број 42.

Најтрофеен е Советскиот Сојуз со 14 освојувања, Југославија има 8, Шпанија 4, Литванија 3, а Италија и Грција по 2. По еднаш шампиони биле Чехословачка, Франција, Русија, Германија, Унгарија, Латвија, Египет и Словенија.

реклама

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Зошто има толку голем раст на заболени од рак на дебело црево меѓу младите?

Read more

Запален домот на Александар Пандов: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат

Read more

Кошарка

Бекот на Сан Антонио е дебитант на сезоната

Read more

Јокиќ со скромен трипл-дабл, Мареј беше херојот на Денвер

Read more

Мајами доживеа најголема плејоф брука во историјата на НБА

Read more

Тешка повреда на Лилард, се зборува и за крај на кариерата

Read more
 

Спорт

Погба оди во МЛС, еден клуб има ексклузивни права за преговори

Читај повеќе

Луис Енрике: На добар пат сме да ја исполниме целта, но мора да ја завршиме работата во Париз

Читај повеќе

Бекот на Сан Антонио е дебитант на сезоната

Читај повеќе

Најубавата фудбалерка е слободна: Алиша Леман раскина

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде се денес првите 7 играчи што ги потпиша Клоп за Ливерпул?

Читај повеќе

Барса и Интер вечер во различно расположение, но со иста цел - чекор кон финалето

Читај повеќе

Ненадејно почина Николче Здравески, легенда на Победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ со скромен трипл-дабл, Мареј беше херојот на Денвер

Читај повеќе

Анчелоти пишманџија

Читај повеќе