Фудбал
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Ја однесе Шпанија на ЕУРО па доби отказ, се враќа Луис Енрике

19. ноември 2019 - 13:32 | Ф.З.

Нова бизарна одлука на РФЕФ која одлучи да ја прекине соработката со селекторот кој ја пласираше Шпанија на Европското првенство и тоа веднаш по синоќешниот последен натпревар.

Шпанија синоќа уште еднаш ја покажа својата сила и тоа со комбиниран состав предворена од селекторот Роберт Морено со 5:0 ја преслуша Романија.

Наместо славје за успешно завршените квалификации, шпанските фудбалери по натпреварот налутени го напуштија стадионот, а не даваа ни изјави за медиумите.

Причината за тоа било тоа што селекторот Морено веднаш по последниот судиски свиреж добил известување од Федерацијата дека не е повеќе селектор. Со солзи во очите им ја соопштил оваа вест на фудбалерите во соблекувалната по што играчите се солидализирале со него.

Денеска официјално беше потврдено дека Луис Енрике се враќа на кормилото на Шпанија. Тој беше селектор пред Морено, но во март се повлече поради здравјето на неговата ќерка која потоа почина.

Ова е вторпат РФЕФ на бизарен начин да промени селектор откако неколку дена пред Мундијалот 2018 во Русија го отпуштија Жулен Лопетеги само поради тоа што се договори со Реал Мадрид да стане нивен тренер после првенството.

За репрезентацијата на Шпанија ова е шеста промена на селектор од летото 2016 кога Висенте дел Боске си замина по ЕУРО 2016. Него го замени Лопетеги чија улога потоа набрзина му беше доверена на Ференандо Јеро кој пак рано испадна од Мундијалот. Него го замени Енрике.

Коментирај