Ја реновирал куќата и нашол божикен подарок од 1978 година наменет за него

Педесет и шестгодишен маж пронашол необичен подарок, стар 46 години, додека ја реновирал куќата на неговите родители.

Божиќниот подарок бил наменет за него уште кога бил 10-годишно момче.

Американецот Тим ​​Кинг, жител на Илиноис, добил неочекувано божикно изненадување кога додека ја реновирал куќата на своите родители, пронашол подарок скриен во ѕидот – подарок што му бил наменет пред 46 години, кога бил дете.

Тој го снимил и објавил ова необично откритие на социјалните мрежи на 27 декември, непосредно пред католички Божик. Тим, кој е сопственик на градежна компанија, бил во процес на реновирање кога наишол на подарокот, завиткан во винтиџ хартија со ликови од цртаните филмови на Disney.

Подарокот датира од Божик 1978 година, а најинтересниот дел од приказната е што неговото име било напишано на него.

„Кога го најдов подарокот, хартијата во која беше завиткана беше многу стара и си помислив: ‘Ох, по ѓаволите, моето име е на неа’“, изјави Тим, кој бил крајно изненаден од откритието.

Според него, подарокот најверојатно паднал во мала пукнатина меѓу ѕидовите, бидејќи неговите родители имале навика да ги кријат подароците на таванот.

Тим одлучил да ја почека мајка му за да го отворат пакетот заедно, а овој момент е овековечен во друго видео кое го сподели со пријателите и следбениците.

Кога го отвориле, откриле комплет мини борбени авиони што Тим ги посакувал како дете.

„Требаше да го откријам ова кога имав 10 години, но навистина е прекрасно да се види дури и сега“, заклучил Тим.

Тагови
реклама

Чек дис аут

Русин упадна во камион со возач без свест за да спречи сообраќајка

Read more

Драма над облаците: Австралиец скокаше од авион, падобранот се заглави во опашката

Read more

Ракун провалил во продавница за алкохол, се опил и се онесвестил во тоалетот

Read more

Галеб се удри во лицето на водителка и ѝ го раскрвари окото

Read more
 

Магазин

Храна за подобро здравје на цревата, по препорака на нутриционисти

Читај повеќе

Портокалот и неговите придобивки

Читај повеќе

За Свети Никола: Посна верзија на руската салата

Читај повеќе

Цицаат струја: Кои уреди треба да ги исклучите пред да излезете од дома?

Читај повеќе

Хороскопски знаци на кои ќе им се смени среќата во љубовта до крајот на 2025-та

Читај повеќе

Ран знак на деменција што често се игнорира

Читај повеќе

Која храна никогаш не треба да ја комбинирате со магнезиум?

Читај повеќе

Ендокринолог препорачува што треба да јадете по 50-тата година

Читај повеќе

Посен подварок со суви сливи за Свети Никола

Читај повеќе