Јадењето на еден вид јаткасти плодови може да ви помогне при губењето тежина

Ф.З.
/ 10.06.2024 / 09:42

Јаткастите плодови се препорачуваат да се јадат поради неколку причини, многу се здрави и се одлична алтернатива за грицки во однос на некои помалку здрави опции.

Диететичарките Бјанка Тамбурело и Саманта МекКлиод открија дека јадењето еден вид јаткасти плодови може дури и да помогне при губење на тежината.

Тамбурело истакнува дека јаткастите плодови се одлична храна за слабеење бидејќи се полни со здрави масти кои поттикнуваат ситост, како и протеини и влакна. Богати се со хранливи материи и содржат многу калории, но тоа не е причина да ги избегнувате, само внимавајте на количината на дневни порции.

Како најдобар вид јаткасти плодови што можете да ги јадете за слабеење, диететичарите ги издвоија бадемите.

Висока содржина на влакна

„Влакната се важна хранлива материја во повеќето диети. Ако се обидувате да изгубите тежина, влакната може да бидат важни бидејќи помагаат да останете сити и задоволни подолго време“, вели диететичарката Саманта МекКлеод. Храната богата со растителни влакна може да го подобри метаболизмот, да го намали ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2 и да ја подобри дигестивната функција.

Богати се со антиинфламаторни својства

Бадемите се богати со антиинфламаторни растителни соединенија наречени флавоноиди, полифеноли и проантоцијанидини. Антивоспалителните намирници како бадемите помагаат при губење на тежината бидејќи доказите покажуваат дека прекумерната тежина може да доведе до хронично воспаление или да биде предизвикана од него, според истражувањето објавено во списанието Nutr во 2020 година.

МекКлиод истакнува дека влакната во јаткастите плодови можат да помогнат во одржувањето на стабилно ниво на шеќерот во крвта, што влијае и помага да се намали воспалението во телото.

Полни се со протеини

Телото постојано ги обновува и одржува коските, мускулите, клетките и ткивата, а сето тоа бара протеини. Тамбурело истакнува дека преголемото ограничување на внесот на храна е честа грешка при губење на тежината и може да доведе до прејадување подоцна. Затоа е препорачливо да јадеме храна богата со протеини, која ќе го забави варењето и ќе нѐ направи сити.

реклама

Фит

Телото ви дава знаци: Дали внесувате премногу јаглехидрати?

Read more

Дали е безбедно да се вежба за време на настинка?

Read more

Што треба да јадат жените по 50-тата година за побрз метаболизам?

Read more

Што треба да се јаде пред тренинг за совршени резултати?

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 8 до 14 декември за сите знаци

Читај повеќе

Зошто витаминот Д не делува? Можеби го земате во погрешно време

Читај повеќе

Како да се спасите од стапицата на задолжување?

Читај повеќе

Телото ви дава знаци: Дали внесувате премногу јаглехидрати?

Читај повеќе

Десерт на денот: Брз и лесен чоколаден мус со тиква

Читај повеќе

Четири знаци дека на вашето тело му недостига витамин Ц

Читај повеќе

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Читај повеќе

Дали е безбедно да се вежба за време на настинка?

Читај повеќе

Три секојдневни навики при туширање кои ја уништуваат кожата

Читај повеќе