Jaguar го претстави подобрениот F-Pace SVR
Jaguar за 2021 година го подготвува напредниот F-Pace SVR со подобри перформанси.
Моделот ќе го движи 5,0-литарски V8 мотор со компресор, кој развива 550 коњски сили и 700 Nm максимален вртежен момент. Достапен е со 8-степен автоматски менувач.
Од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,8 секунди. Максималната брзина е зголемена од 283 на 287 км/ч.
Сè уште не е објавена цената на освежениот Jaguar F-Pace SVR.