Јанакиески: Груевски ме прашуваше за локациите на Парк шумата Водно

Скопје, 2 декември 2021 (МИА) – Никола Груевски, обвинет во случајот „Плацови на Водно”, од позиција на претседател на Комитетот за градежна експанзија (КГЕ), лично се интересирал за неколку земјишта во делот на Парк Шума Водно.

Ова во денешниот исказ како сведок го кажа Миле Јанакиески, кој во 2012 година беше на функцијата министер за транспорт и врски и посочи дека за земјиштето во местото Шербетница и земјиштето над локацијата на Католичката црква, разбрал од кога во рамките на КГЕ, ја посетиле општина Центар.

– Со Никола Груевски и КГЕ се состанавме еднаш неделно, меѓу другото разговаравме и за земјиштата во Парк шумата Водно. Големината на парцелата беше 11.000 квадратни метри. Прашуваше за урбанизација. Му објаснува од законски аспекти како се урбанизира едно земјиште, дека на 10 години се носи Генерален урбанистички план. Тој беше на чело на Комитетот, зборевме за илјадници локации, рече сведокот Јанакиески и наведе дека освен за локациите на Водно, во една прилика го има прашано и за земјите во Крушево.

Судењето за предметот „Плацови на Водно” е во фаза на доказна постапка, односно сослушување на сведоци предложени од обвинителството.

Овок случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”, а поранешениот директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе