Јанева во Анкетниот лист до Антикорупциска пријавила дека купила половно возило

Скопје, 17 септември 2019 (МИА) – Државната комисија за спречување на корупцијата нема отворено предмет за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева која е во притвор и третосомничена во случајот „Рекет“.

Претседателката на Антикорупциска Биљана Ивановска изјави дека тие не водат случај за Јанева, случајот е во Обвинителството. Поранешната специјална обвинителка пријавила само една промена во анкетниот лист и тоа за купување половно возило.

-Катица Јанева има поднесено една промена на анкетниот лист. Се однесуваше за купено возило. Обвинителството си води истрага. Ние не водиме предмет за Катица Јанева во моментов, бидејќи доволно се истражува во јавното обвинителство, рече Ивановска додавајќи дека во нејзиниот анкетен лист е само таа една промена, и оти нема значителни движења.

Членовите на Антикорупциска, како што кажа таа одговарајќи на новинарски прашања, не ги проверувале анкетните листови на другите обвинители од поранешното СЈО, но кажа дека тие редовно поднесувале анкетни листови.

– Не сме забележале нешто посебно некакви промени, рече Ивановска.

Јанева, но и другите обвинители од СЈО најдоцна за 30 дена по разрешувањето или престанок на мандат треба да поднесат анкетен лист за промена на имотната состојба.

ДКСК сѐ уште работи на случаите Тополки и Рашковски, но за вториот случај, кажа Ивановска ќе биде потребно подолго време.

реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Read more

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Read more

Македонија

Стевчо Јакимовски и Катица Јанева на црната листа на САД

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

ДУИ предупредува: Опозицијата со руско сценарио за политички немири по 8 мај

Read more

Гранати и авионска бомба од Првата светска војна пронајдени во село Градешница

Read more
 

Вести

Претепан возач на автобус на ЈСП

Читај повеќе

Стевчо Јакимовски и Катица Јанева на црната листа на САД

Читај повеќе
  • play_arrow

На Кубанците им дојде преку глава: Протестираат бидејќи нема храна и струја

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

И по Путин – Путин: „Победата“ вечерва ќе се слави на Црвениот плоштад

Читај повеќе

Израел ќе му понуди на Хамас шестнеделно примирје за 40 заложници

Читај повеќе

ДУИ предупредува: Опозицијата со руско сценарио за политички немири по 8 мај

Читај повеќе

НАТО ја гради најголемата воена база во Европа - на Балканот

Читај повеќе

Неочекуван пад на залихите на нафта, цените скокнаа за 4%

Читај повеќе