Јаневска: Преку мобилна апликација родителите ќе имаат едноставен увид во образовниот напредок на нивните деца на училиште

Мобилна апликација која ја разви Министерството за образование и наука им овозможува на родителите и старателите на учениците едноставен пристап до електронскиот дневник и со тоа лесно и на дневна основа да го следат образовниот напредок на децата.

За оваа новина денеска информираше министерката за образование и наука Весна Јаневска, која рече дека апликацијата овозможува увид во распоредот и содржината на часовите на учениците, во редовноста на настава – оправдани и неоправдани изостаноци, зададените домашни задачи, добиените оценки и издадените свидетелства.

„Апликацијата може да се симне на ednevnik.edu.mk или преку банер поставен на веб страната на министерството и да се инсталира на било кој паметен уред, мобилен телефон или таблет, независно од типот на оперативниот систем. Едноставна е за користење и преку најава и автентикација со истото корисничко име и лозинка кои во моментов ги користат за пристап до електронскиот дневник, над 200 илјади родители и старатели, колку што се регистрирани досега, во секое време можат да имаат брз пристап до информации за образовниот процес на нивните деца“, рече Јаневска.

Министерката посочи дека сите податоци кои се внесуваат во електронскиот дневник, се архивираат и корисникот на апликацијата има увид во податоци од тековната, но и од било која учебна година наназад.

„Веќе ја тестиравме и се уверивме во функционалноста на апликацијата. Сигурна сум дека ќе биде многу користена, затоа што нема родител или старател кој не е заинтересиран да го следи и да учествува во образованието на своето дете. Одговорноста за едукацијата на младите е заедничка и подеднаква и на институциите и на семејствата на учениците“, потенцираше таа.

Јаневска рече и дека за било каква корисничка поддршка при најавување, заборавена лозинка или дополнителни појаснувања околу примената на новата апликација, стручен тим на Министерството за образование и наука е достапен во секое време на електронската адреса ednevnik@ednevnik.edu.mk.

Со цел намалување на административната работа на наставниците, Јаневска информираше дека податоците од електронскиот дневник ќе ги печатат само еднаш годишно, односно на крајот на учебната година, наместо како досега на месечна основа.

Министерството за образование и наука работи на забрзана дигитализација на образовната сфера. Во таа насока, министерката посочи дека наскоро започнува пилотирањето на новиот електронски систем за административна работа на училиштата и електронски дневник во повеќе училишта, пред да бидат официјално применети.

„Подготвуваме неколку електронски регистри кои ќе се користат за потребите на науката, за признавање на странски високообразовни квалификации и за евидентирање на стипендирани македонски студенти во странство и нивно поврзување со работодавачи. Паралелно продолжуваме со обезбедување на квалитетна ИТ инфраструктурна мрежа во училиштата, нови дигитални алатки во наставата, а ќе продолжи и дигитализацијата на учебниците“, додаде Јаневска.

Изрази задоволство што дел од образовните услуги се целосно дигитализирани. Од оваа учебна, односно академска година, за прв пат целосно електронски се спроведуваат постапките за аплицирање и стекнување на ученички и студентски стипендии, како и за сместување во ученички и студентски домови. Повеќе нема доставување на хартиени документи ниту од страна на апликантите, ниту хартиени решенија за прифаќање или одбивање од страна на министерството, нагласи Јаневска.

реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Три вообичаени грешки при полнење гориво со кои го оштетувате вашиот автомобил

Read more

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Read more

Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: Тресеше и во Тајланд на 1.000 км од епицентарот

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Битолско

Read more

Без струја денеска дел од Карпош, Сарај и Бутел

Read more

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд

Read more

ТАВ Аеродроми и Владата го пречекаа првиот лет на Туркиш ерлајнс од Истанбул на охридскиот аеродром

Read more
 

Вести

Путин: Украина би можела да биде ставена под привремена управа

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимка од подморницата на смртта пред трагедијата во Египет: Почна да тоне додека беа отворени челичните врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: Тресеше и во Тајланд на 1.000 км од епицентарот

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Битолско

Читај повеќе

Разорен земјотрес го погоди Мјанмар

Читај повеќе

Без струја денеска дел од Карпош, Сарај и Бутел

Читај повеќе

Путин: Трамп е сериозен за Гренланд, oвие планови имаат длабоки историски корени

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Одложен митингот на Вучиќ што требаше да биде „најголемиот во историјата на Србија“

Читај повеќе