Јасни сигнали кои покажуваат дека е готово со вашиот брак

Неодамнешно истражување покажа дека една од осум личности се соочила со проблеми во бракот за време на карантинот, а друг извештај во Велика Британија покажал дека за 42 проценти е зголемен бројот на барања за развод, пишува The Sun.

За многумина времето минато во карантин дополнително ги нагласи проблемите кои веќе ги имале со партнерот, но експертите велат дека е тешко да се препознае на што од тие проблеми може да се работи.

Истражувањето е направено од Relate и покажало дека проблемите и караниците во карантин побрзо и посилно ескалираат отколку во нормални услови.

„Важно е да се тргнете од таа ситуација, да прошетате, да се смирите и да видите дали потоа имате проблеми со тоа, откако ќе стивне ситуацијата“, вели Питер Садингтон од Relate. „Многу е важно да разговарате за проблемите“, вели тој.

Од голема важност е комуникацијата.

„Разговарајте еден со друг и дознајте што го мачи партнерот. Немојте да создавате ваши претпоставки, слушајте што има другиот да ви каже“, вели тој.

Според Ен Форестер, советничка за парови, постојат четири видови однесувања кои означуваат дали вашиот брак би можел да биде во проблеми.

„Првиот е критизирањето, ако постојано го критикувате партнерот или тој вас. Потоа ако вашиот партнер не ве почитува или ве навредува. Трето е ако партнерот за сè лошо ве обвинува вас, односно ве убедува дека вие сте таа личност во која е проблемот, иако всушност проблемот е во вас. Четвртиот знак дека можеби е крај е ако вашиот партнер се затвора и не сака воопшто да расправа со вас за проблемите кои ги имате. Ако постојано ве напушта бесен, без можност за компромис“, вели таа.

Додава дека лоши знаци се и ако почнете да зборувате лошо еден за друг или се впуштате во нездраво однесување како опивање и слично. Тоа секако не значи дека е крај ако и двајцата сте спремни да поработите на тоа. Но, ако едниот одлучи дека не може да го поднесе веќе тоа, тогаш е навистина крај.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе