Јавниот превоз утре и задутре со изменет режим

ЈСП известува дека утре, среда и четврток, поради одржување на Министерскиот совет на ОБСЕ, јавниот превоз ќе функционира со изменет режим од вообичаениот, а продажните места на ЈСП ќе имаат изменето работно време од редовното.

Во петок (01.12.2023) јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, а истото се однесува и на билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје.

Жичарницата сите денови ќе функционира вообичаено, од 10 до 17 часот.

Режим на јавен превоз

Утре, среда (29.11.2023 год) автобусите ќе возат вообичаено, согласно со важечкиот возен ред (делничен зимен).
Во четврток (30.11.2023 год) ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Почнувајќи од утре, среда (29.11.2023 год) од 13 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на ОБСЕ в четврток (30.11.2023 год), линиите 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118 ќе сообраќаат по изменети траси.

Траси на движење

Линии 8 и 15А

Од мост „Гоце Делчев“ наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење

Линии 7, 15, 19, 26, 29 и 59

Наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ (стара телевизија) каде не чекаат време, туку веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“

Линии 18, 21А и 118

Од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Работно време на продажни места

Утре, среда (29.11.2023 год) сите билетарници и центри за персонализаација на ЈСП Скопје ќе работат од 6:30 до 13 часот.

Во четврток (30.11.2023 год) за сите ќе биде неработен ден.

Тагови
реклама

„Златна крвна група“ – ја имаат помалку од 50 луѓе во светот

Read more

4 намирници што го зајакнуваат имунитетот можат да го продолжат животот

Read more

Подгответе се за пролет: 5 парчиња што мора да ги имате во вашата гардероба

Read more

Излезе трејлер за филмот со жешката секс сцена на Елизабет Харли во режија на син ѝ

Read more

Македонија

Денеска без струја дел од Центар и Горно Нерези

Read more

Без вода делови од Општина Карпош

Read more

Времето претежно облачно со врнежи од дожд

Read more

ДНК: Собравме 80.000 евра за Лео, парите ги предадовме на тетка му

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Дојава за бомба на белградскиот аеродром Никола Тесла

Читај повеќе

Денеска без струја дел од Центар и Горно Нерези

Читај повеќе

Без вода делови од Општина Карпош

Читај повеќе

Времето претежно облачно со врнежи од дожд

Читај повеќе

ДНК: Собравме 80.000 евра за Лео, парите ги предадовме на тетка му

Читај повеќе

Малолетник од Скопје се обидел да убие друг малолетник на паркинг во Чаир

Читај повеќе

Собранието го донесе Законот за спорт

Читај повеќе

Ердоган им нуди на Русија и Украина мировни преговори во Турција

Читај повеќе

„Клинци“ со „Култура Бета“ по вторпат во Europe House Skopje

Читај повеќе