НБА 2024/2025

Јокиќ брилираше со нов трипл-дабл во победата на Денвер по голема драма

Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија Сакраменто Кингс на гостински терен со 130:129 и со тоа ја потврдија добрата форма забележувајќи го третиот последователен триумф.

Денвер феноменално влезе во натпреварот и веќе по првата четвртина имаше 20 поени предност. Сепак, „Кралевите“ ја намалија негативата до моментот кога заминаа на одмор, па првото полувреме заврши со 75:68 за гостите.

Домашниот тим продолжи да игра во ист ритам и во вториот дел и направи пресврт, па во последната четвртина влезе со 7 поени предност. На крајот имаше драматична завршница, која по многу драма им припадна на гостите.

Најдобар кај Нагетс беше српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој оствари трипл-дабл со 20 поени, 14 скока и 13 асистенции. Имаше поддршка од Канаѓанецот Џамал Мареј, кој постигна 28 поени со 6 асистенции, од Арон Гордон со 24 поени и 7 скокови и од Расел Вестрбрук кој со 18 поени, 10 асистенции и 9 скокови за еден скок не запиша трипл-дабл.

Кај „Кралевите“ најдобар беше Литванецот Домантас Сабонис со дабл-дабл учинок од 28 поени и 14 скокови, додека Де'Арон Фокс постигна 29 поени, а Малик Монк дабл-дабл со 25 поени и 10 асистенции. Следуваа ДеМар ДеРозан со 17 поени, Даг МекДермот со 16 и Кион Елис со 12.

Денвер е на петтото место во Западната конференција со 14 победи и 10 порази, додека Сакраменто е на 12-тата позиција со скор 13-14.

Резултати:

Детроит Пистонс - Мајами Хит 125:124 (прод.)
Шарлот Хорнетс - Филаделфија 76ерс 108:121
Торонто Репторс - Чикаго Булс 121:122
Бруклин Нетс - Кливленд Кавалирс 101:130
Сакраменто Кингс - Денвер Нагетс 129:130
Лос Анџелес Клиперс - Јута Џез 144:107

Табела:

реклама

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Кошарка

Евролигата сака да ја тужи НБА

Read more

Пирови 42 поена на Дончиќ, Лејкерс заринкаа кај слабите Кингс

Read more

Џејмс Харден го надмина Шек и влезе во топ 10 најдобри стрелци во НБА

Read more

Лоши вести за Јокиќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси со една реченица ја зголеми вредноста на акциите на Coca-Cola

Читај повеќе

Мато се договори со Хартс, а Вардар го продаде во МЛС да игра против Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Максимилијан Ибрахимовиќ ќе се докажува во Ајакс

Читај повеќе

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Читај повеќе

Клоп нема намера да работи како тренер

Читај повеќе
  • filter

Конте суспендиран и казнет со 15.000 евра

Читај повеќе

Карик го презема Јунајтед и веднаш носи засилување во средниот ред

Читај повеќе