НБА 2022/2023

Јокиќ брилјираше и за својот Божик

Уште една извонредна партија пружи брилијантниот Никола Јокиќ кој го предводеше својот Денвер Нагетс до победа против Кливленд Кавалирс.

Српскиот центар се инспирираше на денот кога православните христијани го слават Божик и за 35 минути оствари трипл-дабл учинок од 28 поени, 15 скока и 10 асистенции.

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ноќеска одигра уште еден феноменален натпревар и го предводеше Денвер до нова победа, со која веќе ја истакнуваат сериозната кандидатура како најдобар тим на Западот. Победија со 121:108 против многу незгодниот Кливленд, кој игра добро цела сезона, и со тоа потврдија дека се во топ форма останувајќи на 3 порази во последните 15 натпревари. Прашањето за победникот никогаш не се ни постави, иако Денвер полека ја градеше својата победа.

Играч на натпреварот - секако Никола Јокиќ. Актуелниот МВП синоќа го оствари својот десетти трипл-дабл сезонава, па на Божик забележа одлични бројки - 28 поени, 15 скока и 10 асистенции. Интересно, Јокиќ стана само четвртиот играч во историјата на НБА со двоцифрен трипл-дабл во шест различни сезони, заедно со Вестбрук, Робертсон и Меџик Џонсон.

URL

И овој пат одлично му послужи шутот, не го трошеше за џабе, па верувале или не - само на еден натпревар имаше проценти под пола. Против Кавалирс беше 10 од 17 од поле со 3 погодени тројки, додека овојпат имаше 4 загубени топки, нешто повеќе од претходно.

Remote video URL

Со оглед на тоа што поради нерамномерен кош играта повторно беше прекината, а поради ова повторно се оладија кошаркарите на двете селекции, може да се каже дека е и разбирливо што Јокиќ имаше малку повеќе загубени топки од вообичаено.

Во својот тим најмногу му помогна Мареј со 18 поени, Портер додаде 16, а двоцифрени беа и Колдвел-Поуп со 14, Браун 13, Хајланд 13, Гордон 12... Како и секогаш, многу убаво распореден учинок. Што се однесува до Кливленд, Леверт го предводеше со 22 поени, додека Гарланд додаде еден помалку.

Remote video URL

Резултати:

Индијана Пејсерс - Портланд Трејл Блејзерс 108:99
Филаделфија 76ерс - Чикаго Булс 112:126
Њу Орлеанс Пеликанс - Бруклин Нетс 102:108
Торонто Репторс - Њујорк Никс 108:112
Милвоки Бакс - Шарлот Хорнетс 109:138
Оклахома Сити Тандер - Вашингтон Визардс 127:110
Сан Антонио Спарс - Детроит Пистонс 121:109
Денвер Нагетс - Кливленд Кавалирс 121:108
Минесота Тимбервулфс - Лос Анџелес Клиперс 128:115
Феникс Санс - Мајами Хит 96:104
Лос Анџелес Лејкерс - Атланта Хокс 130:114

Табела:

Standings provided by Sofascore
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе