Кошаркарите на Денвер Нагетс ги совладаа Лејкерс со 129:118 во Лос Анџелес, со што тимот преполн со ѕвезди е на чекор од неквалификување во плеј-офот. За Лејкерс тоа сигурно би бил еден од најголемите дебакли во историјата.

Домашниот тим влезе добро и мотивирано во натпреварот и имаше водство по првата четвртина, но тоа беше сѐ од нив синоќа. Денвер направи пресврт во вториот дел и на полувреме замина со водство од 62:61.
Се играше кош по кош, па се очекуваше драматична последна четвртина. Сепак, возбудата недостасуваше бидејќи Денвер поентираше без проблеми и забележа нова победа.
Српскиот центар Никола Јокиќ повторно беше на своето препознатливо ниво остварувајќи дабл-дабл учинок од 38 поени и 18 скока. На тоа додаде 6 асистенции, а помош имаше во Вили Бартон кој постигна 25 поени. Ентони Дејвис со 28 и Расел Вестбрук со 27 поени и 10 скока беа најдобри кај Лејкерс.
Денвер е на 5-тото место во Западната конференција со 47 победи и 32 пораза, додека Лејкерс се само на 11-то место со сооднос 31-47.
Резултати:
Лос Анџелес Клиперс - Њу Орлеанс Пеликанс 119:100
Милвоки Бакс - Далас Маверикс 112:118
Бостон Селтикс - Вашингтон Визардс 144:102
Лос Анџелес Лејкерс - Денвер Нагетс 118:129
Индијана Пејсерс - Детроит Пистонс 117:121
Кливленд Кавалирс - Филаделфија 76ерс 108:112
Орландо Меџик - Њујорк Никс 88:118
Торонто Репторс - Мајами Хит 109:114
Хјустон Рокитс - Минесота Тимбервулфс 132:139
Оклахома Сити Тандер - Феникс Санс 117:96
Сан Антонио Спарс - Портланд Трејл Блејзерс 113:92
Сакраменто Кингс - Голден Стејт Вориорс 90:109
Табела: