НБА 2024/2025

Јокиќ го совлада најслабиот тим во лигата: Денвер се мачи, но Србинот блеска и оваа сезона

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ имаше шанса за трипл-дабл, но не влезе во игра во завршницата од натпреварот.

Кошаркарите на Денвер Нагетс мака мачат со формата на почетокот од сезоната во НБА лигата, но ноќта меѓу саботата и неделата Никола Јокиќ и соиграчите немаа поголеми проблеми против Јута Џез и славеа со 129:103. Секако, српскиот центар уште еднаш го предводеше тимот од Колорадо, па средбата ја заврши со 27 поени, 16 скока, 9 асистенции и шут од поле 10/18.

Веќе во првиот дел од мечот Денвер дојде до двоцифрена предност, а третиот период беше клучен за победата над Јута. Таа четвртина ја решија во своја корист со 15 поени разлика, со што целосно го скршија отпорот на ривалот, кој повеќе не можеше да се врати во игра.

Мајкл Портер Џуниор со 20 и Џулијан Ли Стротер со 19 поени му помогнаа на Јокиќ во победата над најслабиот тим на почетокот на сезоната. Двоцифрен учинок остварија и Крисчн Браун (17) и Арон Гордон (12), а во тимот го немаше Џамал ​​Мареј, кој треба да биде вториот најдобар играч на тимот. 

Во поразениот тим најефикасен беше Вокер Кеслер со 18 поени, а уште петмина кошаркари имаа двоцифрен поентерски учинок. Сепак, тоа не беше доволно сериозно да им се заканат на Денвер Нагетс, кој беше голем фаворит пред овој дуел. Избраниците на Мајкл Мелоун ја искористија таа позиција за да се консолидираат по тешкиот старт на сезоната и трите порази во првите пет натпревари.

По овој триумф, тимот предводен од Никола Јокиќ има учинок од 3-3 во првите шест кола од новата сезона во НБА. Нагетс моментално ја заземаат единаесеттата позиција, што не е во склад со нивните амбиции. Сепак, се чека тимот да почне да прикажува сѐ подобри и подобри перформанси на следните натпревари. Од друга страна, Јута е единствена во лигата со 6 порази досега.

Резултати:

Шарлот Хорнетс - Бостон Селтикс 109:124
Филиделфија 76ерс - Мемфис Гризлис 107:124
Торонто Репторс - Сакраменто Кингс 131:128
(прод.)
Милвоки Бакс - Кливленд Кавалирс 113:114
Хјустон Рокитс - Голден Стејт Вориорс 121:127
(прод.)
Сан Антонио Спарс - Минесота Тимбервулвс 113:103
Вашингтон Визардс - Мајами Хит 98:118
Феникс Санс - Портланд Треил Блејзерс 103:97
Денвер Нагетс - Јута Џез 129:103
Лос Анџелес Клиперс - Оклахома Сити Тандер 92:105

Табела:

реклама

2027 година ќе им го ресетира животот на 5 хороскопски знаци

Read more

Како да го омекнете гравот и да го скратите времето на варење?

Read more

Европејците во фиоките чуваат богатство вредно 65 милијарди евра: 700 милиони стари уреди кријат вредни суровини

Read more

Зошто секогаш треба да имате супа од коска во замрзнувачот?

Read more

Кошарка

Каваи Ленард се враќа во Торонто

Read more

НБА сака да ја преземе Евролигата

Read more

Жестока казна: Клиперс загубија 5 пика и 30 милиони евра

Read more

ФИБА ги укина ограничувањата за руските и белоруските кошаркари, тренери и судии

Read more

Спорт

Брера Струмица запиша историска прва победа во УЕФА Младинската лига

Читај повеќе

Клоп во репрезентацијата повика фудбалер кој пред 15 месеци играше во трета лига

Читај повеќе

Одбојкарите со победа се простија од разочарувачкото ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Мурињо му дава трошки, а тој гo храни Реал: Нереалната изведба на Карлос Еспи

Читај повеќе

Формула 1 го објави распоредот за 2027 година, зголемен бројот на спринт трки

Читај повеќе
  • play_arrow

Седлоски: Како играч никогаш немав 4 натпревари во 10 дена, ќе ротирам

Читај повеќе

Седлоски повика 28 играчи за новата сезона во Лигата на нации

Читај повеќе
  • play_arrow

Скандал во Реал Мадрид: Мбапе, Вини и Конате одбиja да носат маици против инвазијата на мигранти

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ја видовте „ракетата“ на Доминик Собослаи против Тотенхем?

Читај повеќе