НБА 2024/2025

Јокиќ и Дончиќ продолжија со доминација и донесоа нови триумфи на Денвер и Далас

Во текот на ноќта во НБА лигата се одиграа 11 натпревари, а главни на вечерта беа Никола Јокиќ и Лука Дончиќ. И двајцата запишаа дабл-дабл.

Денвер Нагетс го победи Голден Стејт Вориорс со 119:115 благодарение на одличниот Јокиќ.

Србинот за 40 минути постигна 38 поени со 10 скока и 6 асистенции и го предводеше Денвер до 11-тата победа сезонава.

Remote video URL

Дончиќ исто така мина 40 минути на паркетот, а во победата на Далас Маверикс над Мемфис Гризлис од 121:116 постигна 37 поени со 12 скока и 4 асистенции.

Remote video URL

Кливленд Кавалирс не го дава врвот на Истокот, но ноќеска имаше лесна задача дома со последнопласираниот во истата конференција, Вашингтон Визардс. Домаќините уште во првата четвртина поведоа со 15 разлика и потоа го имаа резултат под контрола.

Еван Мобли запиша дабл-дабл со 19 поен и 10 скокови, а 19 поени уфрли и Донован Мичел додавајќи и 5 скока и 7 асистенции. По 14 поени постигнаа Сем Мерил и Жорж Нианг.

Кај гостите Литванецот Јонас Валанчиунас имаше дабл-дабл ефект со 13 поени и 11 скокови.

Резултати:

Шарлот Хорнетс - Филаделфија 76ерс 104:110
Кливленд Кавалирс - Вашингтон Визардс 118:87
Детроит Пистонс - Милвоки Бакс 107:128
Њујорк Никс - Орландо Меџик 121:106
Торонто Репторс - Индијана Пејсерс 122:111
Оклахома Сити Тандер - Јута Џез 133:106
Далас Маверикс - Мемфис Гризлис 121:116
Феникс Санс - Сан Антонио Спарс 104:93
Денвер Нагетс - Голден Стејт Вориорс 119:115
Сакраменто Кингс - Хјустон Рокитс 120:111
Лос Анџелес Клиперс - Портланд Треил Блејзерс 127:105

Табели:

реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Три вообичаени грешки при полнење гориво со кои го оштетувате вашиот автомобил

Read more

Снимка од подморницата на смртта пред трагедијата во Египет: Почна да тоне додека беа отворени челичните врати

Read more

Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: Тресеше и во Тајланд на 1.000 км од епицентарот

Read more

Кошарка

Најлошите 12 секунди на Леброн во кариерата: Лејкерс загуби со тројка од центар

Read more

Извлечени групите за ЕвроБаскетот 2025

Read more

ПСЖ формира кошаркарски клуб и веднаш станува дел од НБА лигата

Read more

Чудесна победа: Леброн со звукот на сирената го спаси промашувањето на Дончиќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Најлошите 12 секунди на Леброн во кариерата: Лејкерс загуби со тројка од центар

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најголеми заборавени фудбалски династии

Читај повеќе

Ѓоковиќ мора да плати казна за нелегалната вила вредна 10 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Извлечени групите за ЕвроБаскетот 2025

Читај повеќе

Анчелоти преговара со Бразил

Читај повеќе

Шумахер има потреба од постојана грижа и е целосно зависен од неговите старатели

Читај повеќе

ПСЖ формира кошаркарски клуб и веднаш станува дел од НБА лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Проблемите на Алиша Леман: Ако сакам да играм со нокти и шминка, ќе играм

Читај повеќе

Близнаците на Дарен Флечер се капитени на две различни репрезентации

Читај повеќе