Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Никола Јокиќ уште еднаш покажа дека моментално е најдобриот кошаркар на планетата.

Со одлична партија во која забележа 40 поени, 13 асистенции, седум скока, без ниту една загубена топка, практично сам ја победи Минесота со 112:97 и му донесе предност на Денвер од 3:2 во серијата во полуфиналето на Западната конференција.

URL

Јокиќ беше расположен по дуелот на кој по трет пат го доби признанието за најкорисен играч (МВП) на најсилната лига во светот.

„Тоа беше момент кој ќе го паметам до крајот на мојот живот. Ја почувствував љубовта на публиката, соиграчите и тренерите и тоа е најважно“, накратко го прокоментира добивањето на највредното индивидуално признание во светот на кошарката.

URL

Против најдобриот дефанзивец во лигата Руди Гоберт постигна 40 поени.

„Не ме чуваше само Гоберт. Три од нив се сменија на мене, ако ги броиш повремените Андерсон и четири. Само се обидував да бидам агресивен и да ја читам нивната игра. Успеав да го направам тоа вечерва“, скромно изјави Јокиќ.

Во петтиот натпревар имаше две забивања и неколку неверојатни додавања одзади.

„Јас сум чудо на природата! Зошто да не ги покажам своите неверојатни атлетски способности?“, изјави Јокиќ со шеговит тон.

По мечот, Арон Гордон изјави дека Јокиќ е генијалец, додека тренерот Мајк Мелоун е убеден дека Србинот е член на Mensa, организација која собира луѓе со висок коефициент на интелигенција.

„Тие претеруваат. Јас не сум ниту гениј, ниту член на Mensa. Интересно“, изјави Јокиќ.

Шестиот натпревар меѓу Минесота и Денвер се игра во Минеаполис ноќта меѓу четврток и петок од 14 часот и 30 минути.

реклама

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Груевски: Заев гради кула во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Read more

Кошарка

Далас живее и без Дончиќ

Read more

Дончиќ го претрпе првиот пораз со Лејкерс, нов трипл-дабл за Јокиќ

Read more

Евролигата најавува промени, ќе се прошири на 20 екипи

Read more

Јончевски го објави списокот за натпреварите со Естонија и Полска

Read more
 

Спорт

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Читај повеќе

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Читај повеќе

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Читај повеќе

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Читај повеќе

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас живее и без Дончиќ

Читај повеќе

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе