НБА 2024/2025

Јокиќ почна со атрактивно забивање, заврши со нов трипл-дабл и победа

Три четвртини беа потребни за Никола Јокиќ да го оствари својот 133. трипл-дабл во регуларниот дел од НБА, односно трет во тековната сезона, а седумте нови поени во последната четвртина го предводеа Денвер до триумф над Торонто - 121:119.

Ноќта зад нас донесе уште едно блескаво издание на актуелниот носител на МВП титулата, кој дуелот против канадскиот тим го заврши со 28 поени, 14 скока и исто толку асистенции, 2 две украдени топки и 1 блок.

Она што е особено интересно е што српскиот центар ја отвори играта со забивање откако налета во противничкиот рекет и на асистенција на Арон Гордон атрактивно ја затресе целата конструкција на кошот преку Грејди Дик, што не е толку карактеристично за него.

Тимот од Колорадо навистина се мачеше во дуелот против Канаѓаните, кои беа во постојано водство, многу често со двоцифрен број на поени, но предводени од маестралниот Сомборец успеаја да ја надополнат негативата и да остварат нова победа, втора над истиот ривал за само неколку дена.

За тоа им требаше малку среќа, бидејќи Репторс имаа шут за победа, но ЕрДеј Барет не беше прецизен во обидот за три поени, иако во еден момент се чинеше дека топката оди во кошот.

Јокиќ, да повториме, беше најефикасен со 28 поени, а го следеше Расел Вестбурк со 7 помалку, додека во тимот на гостите Грејди Дик постигна 26.

Лука Дончиќ оствари пиров дабл-дабл со 34 поени, 15 асистенции и 7 скока бидејќи Далас Маверикс загуби дома од Индијана Пејсерс со 127:134. Гостите од самиот почеток поведоа, а Далас успеа да дојде до водство кон крајот на втората четвртина, но само на момент.

Кај Далас 27 поени постигна Кајри Ирвинг, а 20 Наџи Маршал, додека кај Индијана дабл-дабл остварија Мајлс Тарнер со 30 поени и 11 скокови и Тајрис Халибартон со 25 поени и 12 асистенции. Камерунецот Паскал Сјакам уфрли 23 поени.

Вечерва поради изборите во САД нема натпревари во НБА календарот, а возбудувањата продолжуваат ноќта среда кон четврток.

Резултати:

Кливленд Кавалирс - Милвоки Бакс 116:114
Вашингтон Визрадс - Голден Стејт Вориорс 112:125
Детроит Пистонс - Лос Анџелес Лејкерс 115:103
Атланта Хокс - Бостон Селтикс 93:123
Бруклин Нетс - Мемфис Гризлис 116:114
Мајами Хит - Сакраменто Кингс 110: 111
Чикаго Булс - Јута Џез 126:135
Хјустон Рокитс - Њујорк Никс 109:97
Минесота Тимбервулвс - Шарлот Хорнетс 113:94
Оклахома Сити Тандер - Орландо Меџик 102:86
Њу Орлеанс Пеликанс - Портланд Треил Блејзерс 100:118
Далас Маверикс - Индијана Пејсерс 127:134
Денвер Нагетс - Торонто Репторс 121:119
Феникс Санс - Филаделфија 76ерс 118:116
Лос Анџелес Клиперс - Сан Антонио Спарс 113:104

Табела:

реклама

Кошарка

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Read more

Повозбудливо не може: Индијана ја победи Оклахома со кош на 0,3 секунди до крајот

Read more

Јамајка создава моќна кошаркарска репрезентација

Read more

Дончиќ за своите почетоци: Бев собирач на топки во Евролигата

Read more
 

Спорт

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе
  • play_arrow

Иван Ракитиќ под истрага за мултимилионска измама, тврдат Шпанците

Читај повеќе

Бомба од „Чизмата“: Кевин Де Брујне потпишува за Наполи!

Читај повеќе

Бразил со Анчелоти сруши уште еден мундијалски рекорд

Читај повеќе

Финците и Полјаците престанаа со игра додека на трибините оживуваа навивач

Читај повеќе