НБА 2020/21

Јокиќ повторно брилијантен, Дончиќ не се прослави

Српскиот кошаркар со сјајна партија му донесе триумф на Денвер над Сан Антонио, додека изненадување на вечерта е поразот на Далас кој со Дончиќ загуби од слабиот Хјустон.

Крајно ефикасниот прв дел им припадна на гостите од Сан Антонио со 30:32 и тоа сосема заслужено бидејќи Спарс речиси цело време водеа. Но, од средината на втората четвртина Денвер успеа да направи пресврт и на полувреме замина со 54:50.

Иако на почетокот на третата четвртина Спарс ја анулираа предноста на домаќините и дури и во еден момент остварија двоцифрена предност од 58:68, потоа кошаркарите на Сан Антонио необјасниво забележаа пад во играта на крајот од истата четвртина, па Денвер го презеде водството и го задржа до крајот.

Најдобар на паркетот беше Никола Јокиќ кој за нешто повеќе од половина час постигна 25 поени со 9 скокови и 10 асистенции, додека во поразениот табор се истакна Мареј со 18 поени со 5 скокови и 6 асистенции.

Денвер е на 4. место на Западот со скор од 33-18 и е во одлична серија од 7 победи во низа, додека Сан Антонио е 9-ти со 24-25 и 4 порази во серија.

Изненадување на вечерта е поразот на Далас Маверикс на гостувањето кај претпоследниот тим на Западот, Хјустон Рокитс, со 102:93. Домашните до победата беа предводени од сјајниот Џон Вол кој за околу 34 минути уфрли 31 поен со 3 скока и 7 асистенции.

Лука Дончиќ беше најефикасен во поразениот табор, но ни нему ни на неговите соиграчи не им беа доволни неговите 23 поени, 9 скокови и 5 асистенции. Исто поени постигна и Латвиецот Кристапс Порзињѓис, но со 12 скокови и една асистенција.

Ова е 22 пораз за Далас кој и натаму е седми на Западот и ја прекина серијата од пет победи во серија.

Резултати:
Индијана Пејсерс - Минесота Тимбервулвс 141:137
Орландо Меџик - Вашингтон Визардс 116:131
Бостон Селтикс - Њујорк Никс 101:99
Бруклин Нетс - Њу Орлеанс Пеликанс 139:111
Атланта Хокс - Мемфис Гризлис 113:131
Хјустон Рокитс - Далас Маверикс 102:93
Оклахома Сити Тандер - Шарлотс Хорнетс 102:113
Денвер Нагетс - Сан Антонио Спарс 106:96
Феникс Санс - Јута Џез 117:113 прод.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе