НБА 2021/22

Јокиќ сo нов трипл-дабл го надмина легендарниот Лери Брд

Српскиот центар продолжи да остава трага во НБА откако во својот 60-ти трипл-дабл го престигна фамозниот Лери Брд на вечната листа.

Чикаго е еден од најдобрите НБА тимови во досегашниот тек од сезоната, а тоа на своја кожа го почувствуваа играчите на Денвер. Нагетс забележаа пораз од Булс и покрај тоа што Никола Јокиќ стигна до трипл-дабл во нивните редови, па кризата во тимот од Колорадо се продлабочи.

Никола Јокиќ успеа да влезе во историјата на НБА лигата со уште еден трипл-дабл натпревар, но на тимот на Денвер, кој се мачи со тешки повреди, веќе не му е доволно за да може да се носи со тим како Чикаго. Ова им беше осми пораз на последните 10 натпревари.

Такво нешто не успеа да спречи Никола Јокиќ, кој оствари учинок од 17 поени, 12 скока и 15 асистенции, но шутерски не беше толку одличен како досега. МВП-то на НБА лигата шутираше 6/17 од игра, со 2 украдени и 3 загубени топки, но тоа го надополни со делење асистенции во свој стил.

Тоа беше доволно за да го престигне легендарниот Лери Брд на вечната листа по бројот на трипл-дабл, бидејќи ова беше веќе 60-ти во НБА кариерата на Јокиќ. Тој сега се искачи на 8. место на вечната листа и наскоро би можел да го замени Џејмс Харден кој има 62.

URL

Но, трипл-дабл достигнувањето е мала утеха за Јокиќ бидејќи Чикаго пружи далеку комплетен натпревар, во кој го предводеа тројца играчи, особено во последните 15 минути од натпреварот.

Зек Лавин постигна 32 поена во победничкиот тим, а Лонзо Бол и Никола Вучевиќ имаа по 10 скока со 20 поени.

На другата страна, никој во Денвер не се истакна многу. Монте Морис и Вил Бартон броеја до 19, Ерон Гордон до 18, а Џеф Грин до 14 поени со 13 скока.

Remote video URL

Но, фактот дека Денвер сѐ уште е без Портер Џуниор, Џамал ​​Мареј, Пи Џеј Догер и Остин Риверс, доволно покажува колку се слаби Нагетс.

Резултати:

Шарлот Хорнетс - Филаделфија 76ерс 124:127 (прoд.)
Детроит Пистонс - Оклахома Сити Тандер 103:114
Индијана Пејсерс - Вашингтон Визардс 116:110
Мајами Хит - Мемфис Гризлис 90:105
Чикаго Булс - Денвер Нагетс 109:97
Милвоки Бакс - Кливленд Кавалирс 112:104
Минесота Тимбервулвс - Атланта Хокс 110:121
Феникс Санс - Сан Антонио Спарс 108:104
Голден Стејт Вориорс - Орландо Меџик 126:95
Портланд Треил Блејзерс - Лос Анџелес Клиперс 90:102

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе