Ноќеска во НБА лигата се одиграа 7 натпревари, од кои вреди да се издвојат дуелите меѓу Орландо и Денвер во кој Никола Јокиќ оствари нов трипл-дабл, како и градското дерби на Лос Анџелес меѓу Клиперс и Лејкерс во кое се истакна Ивица Зубац.

Денвер славеше на гостувањето кај Орландо со 113:100, а до победата ги предводеше, кој друг ако не, брилијантниот Јокиќ.
Србинот, кој не играше во последната четвртина по големото водство на Денвер по 36 минути игра, натпреварот го заврши со 20 поени, 14 скока и 10 асистенции, со што го оствари својот 18-ти трипл-дабл сезонава, а трет во низа.
Во градското дерби на Лос Анџелес тимот на Клиперс го совлада Лејкерс со 116:102, а на овој меч се истакна Ивица Зубац.
Босанецот го одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната. За 35 минути постигна 21 поен, а со 19 скока беше убедливо најдобриот дерби играч во таа категорија. Целосно доминираше под кошот на Ентони Дејвис, кој постигна само 16 поени.
Норман Пауел постигна еден поен повеќе од Зубац кај Клиперс, а кај Лејкерс најдобар беше Леброн Џејмс со дабл-дабл од 25 поени и 11 асистенции.
Резултати:
Орландо Меџик - Денвер Нагетс 100:113
Лос Анџелес Клиперс - Лос Анџелес Лејкерс 116:102
Мајами Хит - Сан Антонио Спарс 128:107
Милвоки Бакс - Филаделфија 76ерс 123:109
Оклахома Сити Тандер - Бруклин Нетс 127:101
Портланд Треил Блејзерс - Чикаго Булс 113:102
Сакраменто Кингс - Вашингтон Визардс 123:100
Табела: