Јована Матевска Атанасова е добитничка на наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“

Јована Матевска Атанасова е авторот на расказот „Гладоморје“, што беше избран за најдобар на отворениот Конкурс за наградата „Живко Чинго“.

„Кога твоето име стои во иста реченица со името на најдобриот македонски писател на сите времиња со чии дела си растел, си се задојувал, си го подзашивал своето скромно творештво. Мило ми е дека не се откажав од дарбата, тогаш кога вербата во себе ме тераше да го направам тоа. И дедо, каде и да си, овој мој најголем успех досегашен, остварувањето на еден животен сон, толку долго сонуван што и сунѓерот во перницата со амбиција сум го натопила, е за тебе. Гледаше и веруваше како никој друг!“, напиша Матевска Атанасова на социјалните мрежи по прогласувањето на победникот на Конкурсот.

Матевска Атанасова која е дипломиран психолог, е авторка уште и на романите „Тамбовските снегови“ и „Писмата во библиотеката“, кој е награден на конкурсот за поддршка на млади талентирани автори на фондацијата „Македоника“ и УНЕСКО.

Учесничка на регионални и меѓународни конкурси, добитник на повеќе награди меѓу кои најзначајни се наградите во 2015 и 2016 година, на реномираниот и традиционален конкурс за краток расказ што го распишува весникот „Нова Македонија“ за насловите „Двете дланки“ и „Нештовина“.

Во 2018 нејзиниот расказ „Индигото на бесот“ влегува во збирката на регионалниот конкурс „Бибер 2“ и е преведен на три јазици.

Нејзиниот расказ „Гладоморје“ стручното жири што ги оценуваше пристигнатите трудови го избра за најдобар во конкуренција на 71 дело, со образложение дека се работи за „расказ што претставува нов тип истражувачко искуство во македонската проза засновано врз принципот на асоцијативност, имагинативност со можна алегорија која упатува на универзални концепти на современото живеење во кое насилството хиерархиски се издигнува над другите примитивни човекови опстојби“.

На годинешната добитничка наградата ќе и биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Чинго“ што секоја година се одржува на 13 август во родното место на Чинго, селото Велгошти.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе