ЈП Комунална хигиена - Скопје во војна на преписки со општините Чаир и Кисела Вода

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, информира дека е поднесена прекршочна пријава до ЈП ,,Комунална хигиена“ поради тоа што отпадот не се собира, се содаваат депонии и во услови на високи летни температури се доведуваат во прашање здравјето и безбедноста на граѓаните.

Најави дека за толеранцијата за несовесното работење на ЈП ,,Комунална хигиена“ и градоначалничката на Скопје, кои се грижат за хигиената во главниот град, е дојден крајот и дека секое непостапување ќе значи нова прекршочна пријава.

„Скопје со недели изгледа голема депонија и се дави во отпад! Ова се влошува со високите температури, односно од отпадот што не се собира редовно се шири неподнослива миризба во секоја општина. Кисела Вода не е исклучок, кај нас сликата се полни контејнери и страшна миризба.

Ова е резултатот на несовесното работење на ЈП ,,Комунална хигиена“ и градоначалничката на Скопје, кои се грижат за хигиената во главниот град!

Досега неколкупати алармирав до градските институции, со дописи, телефонски, но очигледно нашите реакции како Општина и оние на граѓаните на Кисела Вода не успеаја за поголема активност од страна на ЈП ,,Комунална хигиена“, а што сите граѓани на Скопје го плаќаме.

Бевте сведоци кога како градоначалници лани се обидовме да со собереме сметот што со недели стоеше на улиците, нема да дозволиме да се случи ова повторно.

Бидејќи во нормална комуникација немаме никаква реакција, во текот на изминатите денови испративме комунален инспектор да ја провери состојбата на терен.

Увидовме дека ситуацијата е катастрофалната и поради тоа понесовме прекршочна пријава до „Комунална хигиена“ и ова ќе биде наша пракса и следните денови ако состојбата не се подобри“, вели Ѓеорѓиевски.

Најавува дека секое непостапување ќе значи нова прекршочна пријава.

„Граѓаните се на прво место, Скопје мора да биде повторно горд град“ ,изјави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

ЈП „Комунална хигиена“ со демант: Отпадот во Чаир се собира секојдневно

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ја демантира изјавата на градоначалникот на општина Чаир, кој наведува низа невистинити информации поврзани со активностите на претпријатието во оваа скопска општина. ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ја информира јавноста дека на територијата на општината Чаир комуналниот отпад секојдневно се собира и транспортира без никаков застој, според динамиката утврдена со оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на град Скопје. Само во текот на јуни 2024 година oд подрачјето на општината Чаир, како што велат, се подигнати и транспортирани вкупно 1500 тони комунален отпад.

„Воедно, во оваа скопска општина секојдневно се реализира и рачно и машинско метење, како и машинско миење на булеварите и улиците со употреба на автоцистерни, во согласност со оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на град Скопје. Како што досега во повеќе наврати ги информиравме медиумите, ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје во изминатиот период се соочува и со појава на тенденциозно непрописно одлагање отпад на јавни површини, што резултира со енормно зголемена појава на диви депонии, што е особено изразено во општина Чаир.

Би сакале да напоменеме дека отстранувањето на дивите депонии претставува вонредна активност на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, при што претпријатието секојдневно е изложено на дополнителни финансиски трошоци надвор од оперативниот план и програмата за работа. Во таа насока, во текот на јуни во општина Чаир се отстранети приближно 500 кубни метри отпад од огромен број диви депонии, лоцирани на улиците Џон Кенеди, Цветан Димов, Вуковарска, Ферид Мурат, Ресенска, булеварите Крсте Мисирков, Македонско-косовска бригада и Никола Карев (пластичарската улица) итн.

И покрај секојдневното прекршување на Законот за јавната чистота, не сме запознати дека инспекциските служби при Општина Чаир досега излегле на терен да ја констатираат оваа алармантна состојба и да ги санкционираат загадувачите на животната средина. Го повикуваме и градоначалникот на општина Чаир да ги посети овие локации на кои секојдневно непрописно и несовесно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини и да ги информира жителите на општината дека ваквото однесување директно резултира со загадување на животната средина и загрозување на јавното здравје“, се наведува во демантот.

Од ова претпријатие додаваат дека ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и понатаму продолжува на граѓаните да им ја нуди можноста својот стар мебел и неупотребливите електронски и електрични уреди да ги одложат без плаќање надоместок во центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, од 9 до 19 часот. Воедно, на бесплатниот телефонски број 0800 222 33 корисниците може да ја нарачаат и услугата за преземање и транспорт на кабастиот отпад директно од нивните домови.

реклама

Пијте го пред спиење: Напиток што го намалува шеќерот и помага при слабеење

Read more

Благодарение на еден трик засадените домати ќе имаат повкусни и поголеми плодови

Read more

Зошто на ЕУРО нема натпревар за 3. место? УЕФА даде објаснување

Read more

Приведен скопјанецот во чија куќа беа најдени четирите издрогирани деца

Read more

Македонија

Температури до 42°C, UV индексот 10

Read more

Семејство тврди дека нивното бебе било тепано на Педијатрија

Read more

Се укинува балансерот – министерот Минчев вели дека имало злоупотреби во минатото

Read more

Кривична против Иљази, ја оштетила Токсикологија за речиси 660 илјади денари

Read more
 

Вести

Бебе оставено среде центар во Велес, случаен минувач го однел во болница

Читај повеќе

Значително намалени нелегалните преминувања на надворешните граници на ЕУ, особено на Западен Балкан

Читај повеќе

Приведен скопјанецот во чија куќа беа најдени четирите издрогирани деца

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Големи протести во Албанија: Летаат молотови коктели и се бара оставка од премиерот

Читај повеќе
  • play_arrow

Што сè видовме на Викенд на гордоста - Скопје 2024?

Читај повеќе

На конкурсот за годишни награди на Друштвото на писателите пријавени вкупно 35 дела

Читај повеќе

Четворица малолетници најдени затруени, итно се пренесени на Токсикологија

Читај повеќе

Температури до 42°C, UV индексот 10

Читај повеќе

Семејство тврди дека нивното бебе било тепано на Педијатрија

Читај повеќе