ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Јунајтед ќе му плати на Мегваер за да го напушти клубот

Манчестер Јунајтед по секоја цена сака да се ослободи од услугите на Хари Мегваер. Клубот е подготвен да го исплати играчот за тој да го напушти клубот.

Во 2019 година, Хари Мегваер пристигна во Манчестер Јунајтед од Лестер за рекордни 80 милиони фунти. Сепак, престојот на најскапиот дефанзивец на светот на „Олд Трафорд“ се претвори во вистински кошмар од кој немаше излез.

Правеше комични грешки, стана предмет на потсмев ширум светот, а навивачите дури му се закануваа со бомби доколку не го напушти клубот.

Сепак, тој и покрај сѐ остана во клубот. Тој има уште две години од договорот вреден 190.000 фунти неделно, но Манчестер Јунајтед има намера да се ослободи од него веќе на крајот на сезоната.

Клубот на 30-годишниот дефанзивец ќе му понуди 10 милиони фунти за раскин на договорот. Ќе добие пари и ќе може да го напушти клубот без обесштетување.

Понудата е на маса. Сега се чека одговорот на Мегваер, но проблемот е што тој претходно изјави дека сака да остане на „Олд Трафорд“ и да се бори за своето место во тимот.

Оваа сезона Мегваер започна само 16 од 61 натпревар на „Црвените ѓаволи“. Се шпекулира дека тој би можел да ја продолжи кариерата во Серија А, каде за неговите услуги се заинтересирани четирите гиганти Интер, Милан, Рома и Јувентус.

Хари Мегваер одигра вкупно 175 натпревари во дресот на „Црвените ѓаволи“, а договорот со со овој клуб му е до јуни 2025 година.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more
 

Спорт

  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе