СУПЕРКОПА ИТАЛИЈАНА 2020

Јувентус го освои Суперкупот, Елмас поразен

Пирло го доби дуелот со Гатузо за прв пехар сезонава, дуел на кој играше и нашиот Елиф Елмас кој сепак остана со празни раце.

Јувентус ја освои својата рекордна деветта титула во италијанскиот Суперкуп откако синоќа со 2:0 го совлада тимот на Наполи.

Првите 45 минути беа без голови, а Јувентус победата ја најави во 64. минута кога по едно нафрлување во шестнаесетникот на „Партенопеите“ настана мешаница, топката дојде до Кристијано Роналдо на кој од петерецот не му беше тешко да ја затресе мрежата.

Три минути подоцна Џенаро Гатузо се реши веднаш да реагира со измена, а на теренот влезе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој сепак не успеа да му помогне на својот тим.

Елмас во дуел со Артур

Во 80. минута Наполи пропушти колосална шанса да се врати во игра. Лоренцо Инсиње беше фаулиран за пенал, кој беше доделен со интервенција на ВАР, но истиот играч успеа да го промаши целиот гол.

Вториот гол за Јуве дојде длабоко во судиското натпреварување по контра напад која Наполи буквално со сите фудбалери напаѓаше, дури и голманот Давид Оспина, а тоа го искористи нововлезениот Алваро Мората запечатувајќи ја победата.

Натпреварот се одигра пред празни трибини на „мапеи“ стадионот во Реџо Емилија, прв пат на оваа локација.

Јувентус ја освои својата 9-та Суперкуп титула, па сега е лидер на вечната листа со две повеќе од Милан. Наполи остана на своите две титули, а ова им беше им втор пораз.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Фудбал

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more
 

Спорт

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе