Фудбал

Јувентус на фантастичниот Холанд му понуди 3 милиони евра по сезона

9. декември 2019 - 12:15 | М.С.

Ерлинг Браут Холанд е баран во цела Европа, а се чини дека Јувентус го направи првиот чекор, пишува Corriere dello Sport.

Норвешкиот напаѓач го привлекува интересот на најголемите светски клубови и се чини дека Јувентус не може повеќе да чека.

Како што пишуваат италијанските медиуми, на Холанд му понудија 3 милиони евра по сезона и планираат да ја подмладат својата офанзивна линија.

„Старата дама“ во напад го има 34-годишниот Кристијано Роналдо и 31-годишниот Гонсало Игуаин.

Холанд има само 19 години, а за Залцбург оваа сезона постигна дури 28 погодоци во 21 натпревар, вклучувајќи ги и осумте голови во ЛШ.

Холанд, освен со Јувентус, го поврзуваат и со Манчестер Јунајтед, Баерн и Борусија Дортмунд.

Коментирај