КОПА ИТАЛИЈА 2020/21

Јувентус по 22 пат ќе игра куп финале

Откако оддолеа на нападите на Интер на реваншот синоќа во Торино, тимот на Јувентус се избори за своето 22 финале во историјата на италијанскиот куп.

Имајќи предност од 2:1 од првиот натпревар во Милано, Јувентус свесно му ја препушти иницијативата на Интер кој, пак, килаво напаѓаше, без завршница и за 90 минути упати само 4 удари во рамките на голот, но ниту еднаш не го стави на маки ветеранот Џиџи Буфон.

Домаќините повеќе се обидуваа преку брзи контра напади, но овој пат и нивната офанзива не беше на висина на задачата, дури ни на Роналдо не му одеше, па не успеаја да профитираат од безидејните напади на „Нераѕурите“.

Втора сезона по ред Јуве ќе игра финале откако лани на пенали загуби од Наполи. Претходно 4 пати со ред го освојуваше трофејот, од 2015 до 2018 година, а серијата ја прекина во 2019 кога не стигна до финалето.

Јувентус годинава ќе ја брка 14-тата титула во своето 22 финале, а противникот ќе го дознае вечерва кога Аталанта и бранителот Наполи ќе го одиграат својот реванш. Првиот нивен дуел во Неапол заврши 0:0.

Интер останува без финале од 2011 кога последен пат и го подигна трофејот. Има вкупно 13 финалиња и 7 победи.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе