Каде беше досега Џек Ма?

Основачот на Alibaba, Џек Ма, кој ретко можеше да биде виден во јавност во последните три години, повторно се појави во училиште во Хангжу.

58-годишникот не „крева прашина“ откако ги критикуваше кинеските финансиски регулатори во 2020 година.

Ма беше најистакнатиот кинески милијардер што исчезна по репресијата на кинеските власти против технолошките претприемачи. Тој неодамна се врати во Кина откако помина повеќе од една година во странство, пишува South China Morning Post.

Весникот во сопственост на Alibaba објави дека тој накратко застанал во Хонгконг, каде се сретнал со пријателите и накратко го посетил Арт Базел, меѓународниот саем за уметност.

Се пишуваше дека Ма патувал во различни земји за да научи за земјоделската технологија, но не беше споменато зошто исчезна од очите на јавноста во последните години.

Ма, поранешен професор по англиски јазик, се сретна со персоналот и ги обиколи училниците во училиштето Јунгу во Хангжу, градот каде што е седиштето на Alibaba. Тој зборуваше за потенцијалните предизвици на вештачката интелигенција за образованието, според страницата на училиштето на социјалните мрежи.

„ChatGPT и слични технологии се само почеток на ерата на вештачката интелигенција. Треба да користиме вештачка интелигенција за да решаваме проблеми наместо да бидеме контролирани од вештачка интелигенција“, рече Ма.

Remote video URL

Некогаш најбогатиот човек во Кина, Ма се откажа од контролата на финансискиот технолошки гигант Ant Group во јануари оваа година.

Некои коментатори го видоа ова како дополнителен доказ дека тој се замерил со кинеската Комунистичка партија која стана премногу моќна. Во октомври 2020 година, Ма на финансиска конференција рече дека традиционалните банки имаат „менталитет на заложник“.

Следниот месец, планираната почетна јавна понуда на Ant од 26 милијарди фунти, која би била најголема во светот, беше откажана во последен момент од кинеските власти, кои наведоа „големи проблеми“ во регулирањето на компанијата.

Оттогаш, забележани се забележани во различни земји, вклучувајќи ги Шпанија, Холандија, Тајланд и Австралија. Во ноември минатата година, весникот Financial Times објави дека Ма живее во Токио, Јапонија веќе шест месеци.

Кога првпат престана да се појавува во јавноста, се шпекулираше дека е ставен во домашен притвор или е на некој друг начин затворен.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе