КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Каде да се гледа мундијалската жрепка?

Филип Здравески
/ 26.11.2021 / 13:11

Денеска во предвечерните часови сите очи на фудбалската јавност ќе бидат вперени кон Цирих каде репрезентацијата на Македонија ќе го добие противникот во баражот за пласман на Мундијалот во Катар.

Во 17:00 часот во швајцарскиот грда Цирих преку влечење на топчина ќе биде одредена бараж судбината на дванаесетте европски репрезентации кои ќе се борат за преостанатите три места кои водат на Мундијалот 2022 во Катар. Меѓу нив и нашата репрезентација, која за прв пат се наоѓа во ваква ситуација.

Каде да се гледа жрепката?

Директен пренос од жрепката, за жал, не е најавен на ниту една македонска телевизија. Тоа апсолутно не значи дека нема да може да се гледа од територијата на Македонија.

Жрепката ќе биде во живо пренесувана од страна на ФИФА:

URL

а би требало и на нејзиниот официјален YouTube канал.

Директен пренос би требало да оди и на веб-страницата на УЕФА и тоа тука.

Но, жрепката ќе биде пренесувана и на еден странски ТВ канал кој е достапен кај некои оператори во државава. Според објавената програма, жрепката ќе ја пренесува српската Nova Sport.

Можни противници на Македонија

Македонската репрезентација е сместена во вториот барабан, што значи ќе добие подобро рангиран противник и тоа некој од:

Италија

Настапи на Мундијал: 18 (1934, 1938, 1950, 1954, 1962, 1966, 1970, 1974, 1978, 1982, 1986, 1990, 1994, 1998, 2002, 2006, 2010, 2014)

Најдобар резултат: шампион (1934, 1938, 1982, 2006)

Дали знаевте? Италија имаше низа од 14 мундијалски настапи по ред која ја прекина со неквалификувањето во Русија 2018, губејќи токму во баражот и тоа од Шведска.

Португалија

Настапи на Мундијал: 7 (1966, 1986, 2002, 2006, 2010, 2014, 2018)

Најдобар резултат: 3. место (1966)

Дали знаевте? За Португалија баражите не се новост откако на последните три Мундијали дури двапати се квалификуваше преку бараж: 2010 елиминирајќи ја Босна и Херцеговина, а 2014 исфрлајќи ја Шведска.

Русија

Настапи на Мундијал: 11 (1958, 1962, 1966, 1970, 1982, 1986, 1990, 1994, 2002, 2014, 2018)

Најдобар резултат: 4. место (1966) како СССР

Дали знаевте? Русија само еднаш има загубено мундијалски квалификациски натпревар на домашен терен и тоа во квалификациите за Мундијалот 2010 кога загуби со 0:1 од Германија.

Шкотска

Настапи на Мундијал: 8 (1954, 1958, 1974, 1978, 1982, 1986, 1990, 1998)

Најдобар резултат: секогаш елиминирана во фазата по групи

Дали знаевте? Шкотска квалификациите ги заврши со импресивен скор победувајќи ги сите шест последни натпревари, вклучително и победа од 2:0 над квалификуваната Данска која до тој натпревар имаше перфектер скор од само победи.

Шведска

Настапи на Мундијал: 12 (1934, 1938, 1950, 1958, 1970, 1974, 1978, 1990, 1994, 2002, 2006, 2018)

Најдобар резултат: финале (1958)

Дали знаевте? Трети мундијалски квалификации по ред Шведска пласман бара преку баражите. За 2014 потклекнаа пред Португалија, но за 2018 го исфрлија колосот Италија.

Велс

Настапи на Мундијал: 1 (1958)

Најдобар резултат: четвртфинале (1958)

Дали знаевте? Велс загуби само два од своите последни 20 мундијалски квалификациски натпревари и се непобедени во последните 7 натпревари од актуелниот циклус.

Тоа се репрезентациите помеѓу кои се крие противникот на Македонија. Но, баражот за овој Мундијал ќе се игра во две кола, што значи дека доколку Македонија го победи својот протвник, потоа во финалниот бараж ќе добие нов. Денешната жрепка ќе го даде и тој можен противник, односно со кој натпревар ќе биде сврзан натпреварот на Македонија.

Поради тоа, и оние репрезентации кои се наоѓаат во истиот барабан како и нашата репрезентација се исто така наши можни противници - во финалето. Тие репрезентации се:

Австрија

Настапи на Мундијал: 7 (1934, 1954, 1958, 1978, 1982, 1990, 1998)

Најдобар резултат: 3. место (1954)

Дали знаевте? Австрија последен пат беше блиску до Муандијал во квалификациите за 2002 кога дојде до баражот, но таму загуби од Турција, која потоа стигна до бронзата на завршницата.

Полска

Настапи на Мундијал: 8 (1938, 1974, 1978, 1982, 1986, 2002, 2006, 2018)

Најдобар резултат: 3. место (1974, 1982)

Дали знаевте? Иако Полска не успеа да обезбеди место на завршницата, нивниот вонсериски напаѓач Роберт Левандовски квалификациите ги заврши со импресивен скор од 30 голови на десетте натпревари.

Турција

Настапи на Мундијал: 2 (1954, 2002)

Најдобар резултат: 3. место (2002)

Дали знаевте? Турција се нема пласирано на Мундијал од 2002 кога освои бронза во Јужна Кореја и Јапонија. Во квалификациите за 2006 загуби во баражот од Швајцарија и оттогаш првпат е повторно во оваа фаза.

Украина

Настапи на Мундијал: 1 (2006)

Најдобар резултат: четвртфинале (2006)

Дали знаевте? Украина по дури петти пат ќе игра мундијалски бараж (1998, 2002, 2010 и 2014), но има многу лош рекорд: секогаш била елиминирана.

Чешка

Настапи на Мундијал: 9 (1934, 1938, 1954, 1958, 1962, 1970, 1982, 1990, 2006)

Најдобар резултат: финале (1934, 1962) како Чехословачка

Дали знаевте? Чешка последен пат играше на Мундијалот во Германија 2006 каде местото си го обезбеди победувајќи ја Норвешка со вкупни 2:0 во баражот.

Македонија единствен можен дебитант

Од Европа само Македониа може да биде дебитант на завршницата во Катар бидејќи сите останати кои веќе се квалификуваа и се во игра за пласман преку баржот имаат барем еден настап на Мундијал.

Настапи на Мундијал: 0

Најдобар резултат: /

Дали знаевте? Како членка на поранешна Југославија Македонија има 8 мундијалски настапи од кои последниот во Италија 1990 кога за „Плавите“ настапуваа Вујадин Станојковиќ и Дарко Панчев, а вториот постигна и два гола.

Потсетување дека од зоната на УЕФА веќе квалификувани во Катар се победниците на десетте групи: Англија, Белгија, Германија, Данска, Србија, Франција, Хрватска, Швајцарија и Шпанија.

Жрепката денес ќе ги даде двојките, но натпреварите се дури на крајот од март 2022 година.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе