Каде исчезна Гинисовиот лустер од хотелoт Југославија во Белград?

Хотелот „Југославија“ во Белград, еден од симболите на моќта и престижот на поранешна Југославија, кој во тоа време го посетија американскиот претседател Ричард Никсон и германскиот канцелар Вили Брант, како и многубројни истакнати личности, како астронаутот Нил Армстронг и британската кралица Елизабета II, исчезна на почетокот на декември минатата година под багерите.

Целосно беше урнат за да се отвори нов хотелски комплекс. Меѓутоа, во хаосот на уривањето остана во воздухот прашањето – каде заврши импресивниот лустер со кристали Swarovski, кој своевремено влезе во Гинисовата книга на рекордите како најголем кристален лустер во светот.

Кога беше отворен во 1969 година, хотелот беше меѓу петте најголеми во Европа и важеше за еден од најлуксузните и најубави хотели во светот благодарение, меѓу другото, и на неговиот романтичен поглед на Дунав и споменатиот лустер со 5.000 светилки, тежок дури 14 тони. Беше долг 30 метри и широк 5 метри, а беше направен од 40.000 кристали Swarovski.

Хотелот „Југославија“ беше отворен во 1969 година, а неговата изградба траела речиси 20 години. Под работен наслов „Београд“, а според дизајнот на хрватскиот тим архитекти, составен од Младен Каузлариќ, Лавослав Хорват и Казимир Остроговиќ, изградбата била завршена во 1967 година, а хотелот официјално бил отворен две години подоцна.

Remote video URL

Инвеститорот на новиот комплекс на локацијата на хотелот, „Милениум“, тврдеше дека познатиот лустер ќе биде реставриран и поставен во новата хотелска зграда. Сепак, до ден-денес, како што пренесуваат српските медиуми, останува непознато како бил демонтиран лустерот и каде се чува.

Хотелот „Југославија“ беше продаден за нешто повеќе од 27 милиони евра.

реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Apple предупреди: Милијарди iPhone-и се во ризик

Read more

Архитектура

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Кина го пушти во употреба најдолгиот автопатски тунел во светот

Read more

Се гради мега-аеродром: Ќе биде еден од најголемите сообраќајни јазли во Европа

Read more

Зошто нема мост помеѓу Европа и Африка, иако се оддалечени само 14 километри?

Read more
 

Магазин

4 најсреќни хороскопски знаци за време на владеењето на Водолија

Читај повеќе

Кардиолозите предупредуваат на навика што го оштетува срцето повеќе од пушење

Читај повеќе

Гастроентеролози откриваат кое месо е најлошо за цревата

Читај повеќе

Петицијата за Данска да ја купи Калифорнија собра над 200.000 потписи

Читај повеќе
  • play_arrow

Каков е животот во градот што „исчезна“ под снег?

Читај повеќе

Рани знаци на деменција: На што да внимавате?

Читај повеќе

Како да препознаете дали имате грип или обична настинка?

Читај повеќе
  • filter

Добивка за сите: Државна лотарија во служба на заедницата во 2025 година

Читај повеќе

Додатоци што не треба да ги земате со кафе

Читај повеќе