Веб-страницата SchengenVisaInfo направи индекс на летен туризам во Европа каде земјите се рангирани според шест фактори.

Веб-страницата SchengenVisaInfo е еден вид водич за оние кои бараат информации за Шенген политиките, процедурите за аплицирање за виза и барањата за виза.
Со цел да им помогне на патниците кои сакаат да го поминат својот летен одмор во Европа, SchengenVisaInfo го создаде Европскиот летен туристички индекс (ESTI). Овој индекс ги рангира земјите врз основа на шест критериуми, вклучувајќи популарност, неделни трошоци и сместување.
Дестинациите се рангирани врз основа на вкупниот резултат постигнат со пресметување на секоја од компонентите поврзани со туристичката индустрија.
Списокот на најдобрите европски земји за лето е создаден врз основа на следниве фактори:
Оценка на плажите - Колку се добри плажите?
Популарност на летните трендови - Колку земјата е позната за летен одмор?
Просечна неделна цена - Колку е скапо да се отиде таму?
Просечна температура - Дали времето е „летно“?
Евалуација на кулинарската понуда - Дали ќе ви биде послужена квалитетна традиционална храна?
Рејтинг за пријателство - Дали добро ќе се забавувате со локалното население?
Секој фактор е поделен на подфактори и му е дадена нумеричка вредност. На пример, рејтингот на плажите го вклучува бројот на сини знамиња, вкупната должина на крајбрежјето што може да се користи како плажа и просечната температура на водата во текот на летните месеци.
Топ 10 европски летни дестинации се:
Шпанија - 10/10
Италија - 9,51/10
Грција - 9,33/10
Турција - 9.17/10
Португалија - 8,57/10
Франција - 7,39/10
Црна Гора - 7,21/10
Хрватска - 7,18/10
Албанија - 7.17/10
Малта - 6,46/10
Македонија е на 29 место на листата од 45 земји, со просечна оценка 4,56/10. Целата листа можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
