Кадиров: Бегај, Зеленски, бегај без да се вртиш кон Западот

Б.С.Б.
/ 10.10.2022 / 13:18

Чеченскиот лидер и еден од најблиските соработници на Владимир Путин, Рамзан Кадиров, испрати порака до украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Откако утрово Русија брутално ги нападна Киев и другите украински градови, како одмазда за експлозијата на Кримскиот мост, на Телеграм се огласи и Рамзан Кадиров.

„Зеленски се жали на нападите на Киев и на другите градови. А, како ти, наивен Зеленски мислеше, дека ти можеш, а другите не можат? Односно 8 години можеше да се бомбардираат цивили, уништуваат инфраструктури на градови, со гранати да се напаѓаат нуклеарни електрани, да се дигаат мостови во воздух, да се пука на важни објекти кога ќе ви падне вам на памет? Вие можете, други не можат?“, напиша Кадиров на Телеграм.

Тој додаде:

„Те предупредивме, Зеленски, дека Русија уште не ни почнала па престани да се жалиш. Евтино е, подобро трчај пред да те стигнеме. Бегај, Зеленски, бегај без да се вртиш кон Западот“, порача Кадиров.

На крајот од пораката вели дека сега е 100 проценти задоволен од специјалната воена операција во Украина.

Досега е потврдена смртта на 12 луѓе, а ранети се 12 по нападите во Киев. Станува збор за цвили кои возеле или се движеле по улици, соопштија украинските власти.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе