Кадиров го повика Путин да употреби нуклеарно оружје по рускиот пораз кај Лиман

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека Москва треба да размисли за употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина по уште еден голем пораз на бојното поле.

Во пораката на Telegram, зборувајќи за губењето на руското упориште Лиман во источна Украина, Кадиров напиша дека, според негово лично мислење, треба да се преземат „подрастични мерки“.

„Сè до прогласување вонредна состојба во пограничните области и употреба на тактичко нуклеарно оружје“, напиша Кадиров на Telegram.

Неговата објава доаѓа еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин објави анексија на четири украински региони - вклучувајќи го и Донецк, каде се наоѓа Лиман, кој вчера Украинците го вратија под своја контрола.

Путин рече дека Москва ќе ги брани регионите што ги зазеде „со сета своја сила и сите средства што ги има“.

Познато е дека Русија го има најголемиот нуклеарен арсенал во светот, вклучително и тактичко нуклеарно оружје со низок принос, дизајнирано да се користи против ривалските армии.

Руската армија соопшти дека го напуштила Лиман поради опасноста од околината и „се повлекла на други линии“.

Во соопштението се наведува дека при нападот на позициите на 66. и 93. механизирана бригада на украинските сили, загинале над 200 војници, а уништени се пет тенкови и девет пешадиски борбени возила.

И покрај нанесените загуби, непријателот донесе резерви и ја продолжи офанзивата во таа насока“, се вели во соопштението.

Според украинските медиуми, Русија во таа област имала распоредени околу 5.000 војници.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе