Кадиров повика на џихад во Украина против „сатанистите“ од Западот

Б.С.Б.
/ 26.10.2022 / 12:04

За чеченскиот лидер Рамзан Кадиров војната на Русија во Украина е џихад, барем така ја нарече во објава на Телеграм. Наведе дека си ги сака земјата, народот и традицијата, но не ги разбира оние „кои татковината ја сакаат само со зборови“.

Претседателот на Чеченија смета дека оние луѓе кои го навредувале пророкот Мухамед „денес се борат против нас во Украина“.

Кадиров е сигурен дека „тие сакаат да ја распарчат неговата татковина на делови, да ги понижат, згазат и на крајот да ги сквернават верата и културата така што не би имале никаков идентитет, никаква семејна вредност“.

„Со причина го користам зборот ‘сатанизам’. Таму, на Запад, сатанизмот отворено делува против Русија“, напиша чеченскиот лидер и прецизираше дека „сатанистичка демократија е кога се шират правата на атеистите, а се навредуваат верниците или кога на традиционалните парови им ги одземаат децата, па намерно се оставаат во семејство од ист пол“.

„Јас попрво би се борел против тоа од корен отколку да дозволам оваа грозотија да се врши во нашата татковина“, нагласи Кадиров.

Понатаму, тој вели:

„Ова е џихад, нашите чеченски команданти донесоа одлука не само да се бранат, туку и да напаѓаат. Да ги уништат тие шејтани, без разлика каде се и колку добро се кријат“, заклучи Кадиров.

URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more
 

Вести

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе