Кадрите на Села и Ахмети печалеле од бизниси со коцкарници, обвини ВЛЕН и најави дека ќе обелодени повеќе случаи на корупција

Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ) соопшти дека стартува со серија прес-конференции со кои на јавноста ќе ѝ предочат информации за политичка корупција, во режија на истакнати кадри на Европскиот Фронт на чело со Али Ахмети и Зијадин Села.

Од коалицијата посочија дека станува збор за сериозни скандали, кои меѓу другото ќе покажат со кои методи за остварување политичко влијание се служеле ДУИ и Артан Груби како непосреден извршител на сите сценарија за политичка корупција.

„На оваа прес-конференција ќе објавиме информации за тендерите кои ги добила фамилијарно поврзаната фирма со пратеникот на Европскиот Фронт, Елми Азири, кој беше еден од најгласните поддржувачи на коалицијата на Зијадин Села со Али Ахмети. Артан Ајрули фигурира како сопственик на фирмата РИТРОН КОПИ ДООЕЛ, увоз-извоз Куманово, кој е внук на сопругата на Елми Азири. Оваа фирма во текот на 2022 година, во само три месеци има добиено две јавни набавки во Државна Лотарија каде директор беше Прпарим Бајрами, десна рака на Артан Груби. Набавките се однесуваат на набавки на компјутерска опрема, графички и ТВ станици за извлекување лотарија и телевизори за инсталација на електронски игри. Вкупната вредност само на овие две набавки преку Државна Лотарија, заедно со анексите, изнесуваат околу 3 милиони денари“, соопшти ВЛЕН.

Напоменуваат дека ова се информации само од една институција.

Овие скандалозни информации, велат од ВЛЕН, се директна потврда дека ДУИ владеел како криминална организација во чија мрежа се фаќале оние кои политиката ја доживуваат како можност за лично и богатење на нивните фамилии.

„Забележете ја иронијата! Кадрите на Зијадин Села и Али Ахмети кои преку ден лажно ги бранат граѓаните од коцката, печалеле токму од бизниси со коцкарници. Претседателот на огранокот во Боговиње, Сафет Мифтари, е уапсен за организирање криминално коцкање преку интернет, фамилијарно поврзаната фирма на пратеникот Елми Азири добивала тендери од Државна Лотарија. Едвај чекаме Европскиот Фронт конечно да излезе на мегдан со своето членство“, додаваат од ВЛЕН.

Коалицијата заклучува дека ДУИ оставиле илјадници луѓе без решен професионален статус, за предизборно да ги уценуваат за гласови, додека функционерите грабале сѐ што ќе им дошло до рака.

Партијата најавува одговорност.

Тагови
реклама

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Македонија

Независниот синдикат на полицијата денеска на протест

Read more

Променливо време, попладне нестабилно со пороен дожд

Read more

Делови од Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Read more

Температури до 25°C, вечерва пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Медиумите одбиваат да ги објават резултатите од излезните анкети по изборите во Албанија

Читај повеќе

САД и Кина постигнаа договор

Читај повеќе
  • filter

Дали Трамп ќе го „оживее“ злогласниот затвор Алкатраз?

Читај повеќе

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Читај повеќе

Индија и Пакистан најавија директни преговори, се почитува прекинот на огнот

Читај повеќе

Независниот синдикат на полицијата денеска на протест

Читај повеќе

Променливо време, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе

Скок на цените на нафтата

Читај повеќе

Делови од Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Читај повеќе