Кафе или зелен чај: Што ќе ве разбуди подобро?

Ако го споредиме односот на кофеинот во кафето и чајот, кафето содржи трипати повеќе кофеин од зелениот чај. Шолја кафе од 240 милилитри содржи 96 милиграми кофеин, додека истата шолја зелен чај содржи 29 милиграми.

Кофеинот има бројни корисни ефекти врз здравјето на луѓето, а покрај познатите ефекти, го намалува и ризикот од деменција и други дегенеративни болести. Внесот од 400 милиграми кофеин дневно се смета за безбеден за возрасните. Сепак, препорачаната граница паѓа на 100 милиграми дневно за тинејџерите.

Зелениот чај и кафето имаат бројни здравствени придобивки, вклучително и висока содржина на антиоксиданси и помагаат при слабеење. Тие се особено богати со збир на антиоксиданси наречени полифеноли. Тие исто така помагаат во контролата на шеќерот во крвта и здравјето на срцето.

Покрај тоа, зелениот чај содржи амино киселина наречена Л-теанин, која позитивно влијае на мозокот, зголемувајќи го чувството на мирна будност.

Сепак, има и некои недостатоци на овие два пијалоци. Имено, прекумерното внесување на кофеин може да доведе до анксиозност и намалена потреба за сон. Ако консумирате повеќе кофеин од препорачаната доза, може да ги влошите симптомите на анксиозност и несоница, како и нарушувања на спиењето.

Затоа, подобар избор за луѓето кои патат од несоница или панично растројство би бил зелениот чај. Причината е помалата содржина на кофеин, но и поради тоа што содржи аминокиселина Л-теанин, која има смирувачки својства. Од друга страна, кафето би било посоодветен избор доколку барате зголемена будност или подобрена физичка активност.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе