21. МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ

[КАЈГАНА интервју] Камбек на Стефанија Насеска: Модно Скопје ќе стане Берлин на Балканот

Оваа сезона на Моден викенд Скопје се претставува дигитално, во вонредни услови, но возбудата околу најголемото модно случување во земјава е на високо ниво, речиси исто како кога сме публика покрај модната писта.

21 МВСК донесе многу новитети – од форматот на прикажување, преку модни филмови и лукбук фотографии, до нови дизајнерски имиња и камбек на едно познато и скоктливо име.

Како дел од серијалот за претставување на новите колекции во рамките на 21. Моден викенд Скопје, камбекот за дизајнерката Стефанија Насеска беше посебна приказна и доволна „провокација“ да поразговарам со неа за враќањето на модната сцена, „дијагнозата“ за модата и стилот кај нас, и секако – инспирацијата за нејзината нова колекција Candy Love.

Нејзиниот камбек на сцената е еден одличен пример за тоа што значи кога талентот ќе добие поддршка од релевантни институции како Моден викенд Скопје кои го препознаваат квалитетот и се ангажираат на сите нивоа да го потхранат, насочат и негуваат тој потенцијал кон целосна негова реализација.

Стефанија Насеска. Ова име ја бранува македонската модна сцена дури и кога не си активна како дизајнер. Твоите креации не сме ги виделе на писта речиси пет години, но твоето присуство во модниот живот во земјава е вибрантно и секогаш тема на разговор. Како би го „дијагностицирала“ стилот на Скопје? Се движиме ли кон модно, но и етичко освестување?

Скопје има голем потенцијал за да стане моден центар на Балканот, но треба уште многу дрвја да разлистаат па да може Скопје да дише чист моден воздух. Луѓето тука сѐ уште играат безбедно во однос на гардероба и мислам дека се плашат да експериментираат за да не бидат осудувани. Кога ќе ја срушиме бариерата која постои може да разговараме за стил. Улична мода е стилот кој му стои на Скопје и по улиците сакам да гледам сѐ повеќе млади луѓе кои ќе го носат овој стил, така би си го ослободиле духот и Скопје ќе стане Берлин на Балканот.

Потребата е огромна, а патот кон модното етичко однесување е долг, но се радувам дека голем дел од моите колеги веќе го започнаa. Кога помислувам на етичкото однесување во модата веднаш ми доаѓаат на памет Никола Ефтимов, Модна Револуција Македонија, Ирина Тошева, Евгенија Зафировска и уште неколку други колеги кои оваа мисија ја прават возможна. Користењето еко материјали, рециклирањето, петициите да не се убиваат животните за потребите на модниот свет кај нас се доста истакнати и актуелни така да може да се каже Македонија е дел од тоа етичко свесно модно движење.

Се враќаш на Моден викенд Скопје каде пред неколку години постави горливи прашања кои уште ги скокоткаат македонските модни кругови. А камбекот е чист, смирен, полн со љубов. Контрастот не изненадува. Навикнати сме да воведуваш промени.

Досега, шчо напраивме? А сега, што ќе правиме?

Кога го започнав јас овој пат и кога се појавив прв пат на сцена постоеше една генерација на квалитетни дизајнери од кои имав среќа да учам. Измеѓу старата и новите генерации постоеше една празнина во модниот свет кај нас која за жал немаше кој да ја пополни. Па ние како млади дизајнери полни со ентузијазам и креативност со заеднички сили од тогашните модни ветерани пробавме да поместиме планина. Како платформа се појави Модниот викенд Скопје, се појавија блогерите кои исто така со многу работа и труд докажаа и покажаа дека се вредни за почит и сите заедно постигнавме нешто.

Шчо?... Го привлековме вниманието на пошироката јавност, направивме настан за кој се бара покана повеќе, го сменивме размислувањето на луѓето за модата. Направивме да си го цениме своето повеќе од предходно. Ја сменивме целосната идеја дека дизајнерите се тука само за шиење по нарачка.

Што понатаму... Понатаму треба да ги впериме погледите кон надворешниот свет, и да започнеме да се натпреваруваме со најдобрите, имаме потенцијал, имаме квалитет, имаме сила, ни треба слога и разбирање за поуспешни и посигурни победи. Денес да стигнеш до светски пазар е многу полесно од било кога. Ни треба само поголема поддршка и можеме да го претвориме Скопје во модна оаза.

Твојата лична естетика е кокетна, неповторлива, смела. Твоите појавувања во публиката на Моден викенд Скопје изминативе сезони никогаш не поминуваа без коментари. А сепак, се чини дека оваа колекција е најмногу есенцијално „Стефанија Насеска“. Од каде потребата за смиреност и чисти линии токму за камбек?

Не знам ни јас како ми успева ама точно е тоа со нешто ненамерно привлекувам внимание. Како што секогаш изјавувам така и сега ќе кажам дека следам модни трендови во светот и ги имплементирам како во сопствениот стил така и во моите колекции. Кај мене мислам дека се случи еволуција и созревање во дизајнот, врз кој влијание се разбира дека има и мојата работа во САД за тамошен бренд. Ако добро се анализира колекцијата Candy Love ќе се дојде до заклучок дека и тука има скриени пораки кои пркосат на општо прифатеното нормално. Како колекција боите се доста впечатливи и почувствував потреба да ја смирам линијата и да направам изгледи кои ќе се претопуваат еден во друг исто како љубовта која ја шириме еден кон друг.

Оваа сезона на МВСК е во дигитално издание, согласно новонастанатата ситуација со која се соочува целиот свет. Иако недостигаш на пистите, сметам дека „среќа во несреќа“ е што оваа колекција е совршена за претставување со фото и видео лукбук. Парчињата од Candy Love се налик уметнички дела кои сакам да ги гледам до целосно смирување, а потоа, по заминувањето од „галеријата“ да ми отворат безброј прашања. Како се одвиваше соработката со креативниот тим на МВСК и снимањето во вонредни услови?

Секоја сезона се обидував да соберам сили за камбек и секогаш неуспешно, сѐ до моментот кога во неврзан разговор со ПР-от на Моден Викенд, Милан Атанасов, спомнав дека сфаќам колку ми недостасува адреналинот од бекстејџот и дека сакам да се вратам, ама не знам кога и како. Неколку денови подоцна добив телефонски повик од продуцентката на Моден викенд Скопје, Света Богова Јовановска, која ми соопшти дека од него и била пренесена мојата желба, како и дека би им било задоволство доколу повторно соработуваме. За мене тоа беше повеќе од доволен мотив, имав подготвени скици и идеи и започнав со реализација. Тоа што денес го водиме ова интервју и зборуваме за мојата нова колекција, треба да им се заблагодариме ним двајцата, бидејќи вложија натчовечки напори за да се реализира ова издание и јас да бидам дел од него. Тимот на Моден викенд се покажа и тоа како подготвен, докажувајќи дека кога се сака сè е возможно. Имаме беспрекорна комуникација и поддршка од нив, секогаш се расположени да пружат помош и да те поттикнат на работа. А кога станува збор за Моден викенд се знае дека е препуштен во рацете на професионалци ангажирани за проектот.

ПР-от на МВСК, Милан Атанасов, во креација на Насеска на снимањето за лукбукот за оваа сезона

Искуството од претходно беше поинакво, тука веќе станува збор за кратки модни филмови кои навистина бараат труд и работа за реализација. Според мене избрана беше совршена и несекојдневна локација, па покривот на City Mall Skopje се претвори во модна писта. Исто така тимот од City Mall Skopje ни дава безрезервна поддршка и ова го сметам за огромен успех. А ништо немаше да е како што треба ако за видео продукцијата не беа задолжени професионалци како Кристијан Шемко и Марина Трајковска. Моделите како и секогаш подготвени и професионални. Кога сѐ ќе се собере во едно секогаш се постигнува одличен резултат.

Колекцијата е посветена е на убавите моменти во животот, а носи една и единствена порака: Ширете љубов! Се чини тоа ни е повеќе од потребно сега. Но, што потоа? Иако иднината на модниот свет е неизвесна секаде, каде гледаш дека води твојата приказна?

Ширете љубов не само сега, ширете љубов секогаш. Кога мислиш позитивно со позитивно ти се враќа. Можби токму поради ова ја прочистив колекцијата како кога телото и душата се чистат од токсините кога шириме љубов и позитивна енергија околу нас.

Никогаш не можам да кажам каде се гледам во иднина, јас имам слободен дух и секогаш прифаќам предизвици, но дефинитивно се гледам на скалило погоре од ова на кое се наоѓам во моментов. Секогаш се стремам кон успехот и кон височините и со секој нареден проект успевам да сум чекор поблиску до целта. 'Дојдов, гледам, ќе победам' ми е мое ново мото. И сите заедно да шириме љубов и да го направиме светот поубаво место за живеење не само сега туку засекогаш.

Remote video URL

Шминка: Farmasi и Марија Лазарова

Фризура: Revlon Professional

Фотографија: Света Богова Јовановска

Кастинг: Виктор Цветановски

Модели: Ангела Анчевска, Ангела Ѓоргиева, Aндријана Илиоска, Борјан Ристовски, Дарко Тодоровски, Ивана Гелева @ Podium Model Agency

Во соработка со: Skopje City Mall

Поддржано од: Lenor

Дигитален партнер: A1 Македонија

Сите колекции ексклузивно ќе бидат презентирани на социјалните мрежи, со премиера на снимените видеа и фотографии во партнерство со Skopje City Mall, а тука ќе ги читате критичките видувања за нив, низ призмата на модната блогерка и заменик-уредник на Kajgana.com, Александра Спасеска.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Интервју

Дарија Андовска, деканка на ФМУ: Интелектуалецот треба и мора да биде општествено ангажиран

Read more

Монументалната архитектура како уметничка скулптура низ објективот на Ерина Богоева

Read more

Надија Реброња: Во Скопје се шета по ритамот на музиката на уличните музичари, а низ Вардар тече поезија

Read more

Ерина Богоева: Ако се спасиме себе си, тогаш сме на чекор поблиску да го спасиме и светот

Read more
 

Ново

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе
  • filter

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Mansory создаде специјален Rolls-Royce Cullinan за изложбениот салон во Дубаи

Читај повеќе