[КАЈГАНА рецензија] „Стела“ е филм за детето во секој од нас

Публиката со бурен аплауз ја поздрави филмската екипа на „Стела“ на премиерата на првиот македонски семеен детски филм во рамките на Фестивалот на европски филм Синедејс 2020.

„Стела“ конечно, по неколкумесечни одлагања поради пандемијата, ја виде светлината на кино-проекторот, а ние конечно ја видовме Стела – светлината на животот.

Филмот е во продукција на ДРИМ ФЕКТОРИ, а главните улоги ги толкуваат: младата шарпланинка Стела, 13-годишниот Петар Маниќ, Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографијата е на Ѓорѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, снимател на звукот е Срѓан Бајски и монтажата на Данчо Стефков.

Моите очекувања од филмот беа големи и растеа додека чекав да се пополни просторот во Градски Парк до последно столче на свеченото отворање на годинашниот Синедејс, под отворено небо. Уште од разговорот со режисерот Стојан Вујичиќ ме копкаа неколку теми, но најголема јанѕа ми беше – дали навистина ќе биде детски филм, разбирлив филм за деца?

Децата се раѓаат со одредени вродени, биолошки предиспозиции како производ на долга еволутивна историја. Ова може да ја даде „гарантираната“ биолошка рамка за тоа што може да го фасцинира детето и истовремено и да ја ограничи можноста за тоа да се случи. Филмот за деца најчесто се базира на некој аспект на некаква општествена конструкција, но емоцијата што ја канализира и/или предизвикува е она што го дефинира „успехот“ на филмот.

Првичните импресии од „Стела“ ми беа дека екипата одговори на предизвикот да го направи првиот македонски семеен детски филм на јазик што е разбирлив за децата и допира до возрасните. Исто така дека ја оправда еуфоријата околу долгоочекуваниот филм во чија срж е важноста на детето во семејството и светот воопшто.

Во очекување на поинтимна проекција во киносала, дојдов до заклучок дека „Стела“ не само што успеа да одговори на погоре спомнатиот предизвик, туку успеа и под отвореното скопско небо да нѐ завитка во една утробна тишина и спокој. Да ни дозволи младиот Петар Маниќ, кому ова му е прва улога во долгометражен филм, да ни го одглуми ликот со очи, истовремено со детска искреност и со безвременска мудрост кои имаат една иста намера и намена – да се сакаш себе си, да си го најдеш својот спокој и своето место во светот.

Неговата изгубеност не е негова, ами наследена како ген од родителите, кои несвесни за нивното беспаќе оставаат нивното дете да лебди во меѓупросторот, со многу повеќе прашања отколку одговори.

Појавата на Стела во неговиот живот, нејзиното блеснување како ѕвезда водилка во мракот во кој се наоѓа малиот и кршлив Никола, е светлината што на секој од нас ни затребала барем еднаш, таа универзална енергија на безусловната љубов и беспоговорната доверба.

„Стела“ е филм за деца, за детето во секој од нас, за непрекинатото растење што секој од нас мора да го култивира ако сакаме нашето постоење на овој свет да вроди со некаков плод, да биде од некаква корист, да биде нечија потпора и стреа.

Топло препорачувам да го погледнете филмот „Стела“ што од утре, 1 октомври, е на репертоарот на Синеплекс.

Remote video URL
реклама

Од 11 март почнува голема финансиска среќа за еден хороскопски знак

Read more

Каде се селат богатите инвеститори по нападите во Дубаи?

Read more

Делови од Карпош денеска без струја и вода

Read more

Трамп: Иран изгуби сè што можеше да изгуби, нема потреба од копнена инвазија

Read more

Рецензии

Зошто (не) треба да го гледате Frankenstein на Гиљермо дел Торо?

Read more

Mountainhead е одличен филм: Од кога ни е тешко да „свариме“ сатира?

Read more

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто мора да гледаме филмови како Mickey 17?

Read more

Зошто ме разочара финалето на третата сезона од The White Lotus?

Read more
 

Сцена

ИМПРОВОКАЦИЈА се враќа во Скопје на 9 март

Читај повеќе

Нов адвокатски тим ќе го брани Харви Вајнстин од обвиненијата за силување

Читај повеќе
  • filter

Меган Фокс се врати и го „запали“ Instagram

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделени наградите SAG: Победниците ја редефинираат оскаровската трка

Читај повеќе
  • play_arrow

Оливија Дин доминираше на доделувањето на наградите BRIT 

Читај повеќе

Роберт Де Ниро: Трамп никогаш нема да си замине, ќе треба сами да се ослободиме од него

Читај повеќе
  • play_arrow

„Југославија“ ја подели бивша Југославија

Читај повеќе

Педро Паскал и Рафаел Олара фотографирани на прошетка

Читај повеќе