Како авиокомпаниите ги паркираат илјадниците приземјени авиони?
Пандемијата со коронавирусот страшно ја погоди авионската индустрија. Куп авиони се приземјени, а за сите нив авиокомпаниите треба да им најдат паркинг место.
За цели 95% опадна бројот на реализирани летови во САД споредено во истиот овој период во 2019 година. На глобално ниво, падот е 63%. Повеќе од 16 илјади комерцијални авиони моментално се приземјени. Но, на сите тие авони им е потребно одржување, не можат само туку така да стојат паркирани. А кога одаднаш има илјаднини авиони кои немаат каде да одат, настанува кошмарен проблем.