Како бананите помагаат за поздрави црева и варење на храната?

Покрај многуте здравствени придобивки од бананите, ново истражување покажa дека ова овошје може да биде клучно и за поздрави црева и подобро варење на храната.

Испитувањата покажуваат дека бананите носат огромен број нутритивни придобивки, содржат антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и ја намалуваат можноста од хронични болести, стои во истражувањето објавено во Food Chemistry.

Го подобруваат квалитетот на сонот, а растителните влакна го забавуваат варењето што помага за чувствот на ситост подолго време.

Во 2021 година, истражувачи од Австралија прегледаа повеќе од 50 претходни студии за да проучат – како цревата влијаат на човековото целокупно здравје. Истражувањето, објавено во Journal of Gastroenterology and Hepatology,  ја открива важноста на избалансираниот микробиом.

– Микробиомот се бактерии кои живеат во нашите црева. Се верува дека колку е поголема нивната разновидност во цревата, толку цревниот микробиом е поздрав, вели Дејна Елис Ханс, авторка на трудот.

Пробиотиците се живи бактерии што се наоѓаат во ферментираната храна и додатоците. Тие се „добри“ бактерии во рамнотежата на микробиомот. Овие здрави бактерии ги добиваме и од бананите.

Друга придобивка што бананите ја имаат при варењето е намалувањето на надуеноста во телото. Растворливите пробиотски влакна во овошјето, помагаат и при запек – чест виновник за непријатната надуеност. Високото ниво на калиум во бананите, исто така, им помага на бубрезите да го исфрлат вишокот вода и сол од телото, поттикнувајќи диуретичен ефект којшто го намалува задржувањето на водата.  

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе