Како Бекам стана најбогатиот фудбалер на светот?
И седум години по пензионирањето, Дејвид Бекам и натаму заработува милиони.
Светот дозна за Бекам како млад играч од редовите на Манчестер Јунајтед на почетокот од 90-тите. Откако освои сѐ што можеше да се освои на „Олд Трафорд“, се пресели во Реал Мадрид за вртоглава плата, а потоа играше и за Лос Анџелес Галакси, Милан и ПСЖ, секаде заработувајќи големи суми пропратени со разни други бенефиции.
Неговата слава им носеше на клубовите додатна заработка од рекламирање брендови, но Бекам освен како фудбалер, покажа дека го бива и за бизнис. Денес неговите бизниси и натаму заработуваат милиони, чекор кој денес го следат Лео Меси, Кристијано Роналдо, Нејмар и други.
Денес единствено Мјакл Џордан е побогат пензониран спортист од Бекам.