Како беше на МКЦ за Скопје?
Настанот „МКЦ за Скопје“ се одржа во неделата како дел од одбележувањето на годишнината од скопскиот земјотрес.
Во паркот позади Младинскиот културен центар настанот почна со изложбата „Култните градби во Скопје“, следуваше промоција на книгата „Скопје: изгубените чевли на градот“ од Иван Шопов, потоа настап имаше „Импров Група“ со импровизирана претстава, а на крајот со музичкиот дел настанот го затворија „Perija“, „21 век“ и „Ен2три“.
Фото: МКЦ / Штефан Рајхл