Како безбедно да се возите во автомобил во време на пандемија на COVID-19?

Возењето со едно или повеќе лица во автомобил е една од најризичните работи што можете да ги направите кога станува збор за пренесување на коронавирусот, бидејќи иако се чини дека е нешто побезбедна алтернатива на јавниот превоз, сепак станува збор за тесен, ограничен простор.

Дури и ако сите патници носат маски, тие најситни честички можат да продрат во воздухот.

„Кога сте на отворено тоа не е важно, затоа што честичките веднаш се разредуваат“, вели Варгезе Матаи, физичар од Универзитетот во Бостон, Масачусетс.

„Но, ако сте во затворен простор како автомобил, тие честички можат да останат во кабината и да се акумулираат во воздухот“, изјави тој за Business Insider.

Матаи, заедно со колеги од Универзитетот Браун, истражуваа како малите честички се движат низ кабината на возилото во различни варијанти на вентилација.

Не е изненадувачки што нивната симулација, објавена во списанието Science Advances, покажа дека отворањето прозорци е најефективниот метод за расчистување на воздухот што е потенцијално „набиен“ со вирусни честички.

Кога сите прозорци се затворени, помеѓу 8 и 10 проценти од честичките издишани од една личност може да стигнат до сопатниците. Тој број паѓа на само 0,2 до 2 проценти кога сите четири прозорци се отворени.

Се разбира, на студен зимски ден, отворањето на сите прозорци не е најпрактична опција, па авторите експериментираа со различни варијанти и излегоа со некои предлози.

Два полуотворени прозорци

Нивната симулација се засноваше на возење во Toyota Prius со 80 км/ч со возачот напред лево и еден патник на задното десно седиште. Најдобрата вентилација, ако не можат да се отворат сите прозорци, беше обезбедена со комбинација на отворен прозорец спроти возачот (напред десно) и спроти патникот (назад лево).

Во автомобил во движење, свежиот воздух обично струи низ задното стакло и излегува напред, објасни Матаи. Отворањето на прозорците од спротивните страни каде што седат луѓето во автомобилот, покрај тоа што им овозможува на честичките да излезат, создава струење на воздух што ги одделува возачот и патникот.

Но, Матаи забележува дека само отворените прозорци нема да бидат од голема корист. Тој вели дека би било добро да ги спуштиме барем до половина. На крај, тој посочи дека дополнителната вентилација во автомобилот не е замена за другите мерки за превенција како што се носење маски, миење раце и дезинфекција на заеднички простории.

Продолжете да читате: Седум КОВИД грешки што ги правите кога ќе влезете во автомобилот

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе