Како да ги спречите жешките бранови во менопауза?

Валунзите, односно жешките бранови можат да бидат непријатни за жените во менопауза. Но, постојат неколку начини да ги спречите.

Топлотните бранови најчесто се поврзани со климактериум, односно перименопауза. Овие два поими временски се поклопуваат и означуваат период во кој постепено се гаси функцијата на јајниците. Перименопаузата почнува 4 до 5 години пред менопаузата, односно околу 45 година од животот и ја означува последната менструација. За трајно престанување на менструалниот циклус може да се заклучи кога една година воопшто нема крвавење.

На жените во менопауза им се потребни повеќе хранливи состојки. Со балансирана исхрана може да се намали интензитетот на топлотните бранови и останатите симптоми на менопауза. Кога се менуваат хормоните, се менува и начинот на кој телото апсорбира хранливи материи.

Затоа, на жените им се потребни протеини, калциум и витамин Д. Потребно е да се намали внесувањето на јаглехидрати и гликоза. Исхраната треба да се состои од овошје, зеленчук, интегрални житарки и месо со малку маснотии.

Треба да се избегнува преработена храна, црвено месо, алкохол и шеќер.

Важно е и редовното вежбање затоа што помага да ја одржите агилноста, да ја зголемите енергијата, да го подобрите расположението, да ја намалите несоницата како и честите топлотни бранови.

Потребно е  да спиете 8 часа дневно и да ги намалите цигарите. Медитацијата е совршен начин да го контролирате стресот и да се опуштите.

Ако чувствувате тешки симптоми на менопауза, треба да посетите доктор за да ви даде соодветна хормонска терапија. Оваа терапија најчесто доаѓа во мали дози бидејќи е поврзана со зголемен ризик од канцер и од кардиоваскуларни болести.

Нехормонска терапија подразбира антидепресиви и габапентин, лек за невролошки нарушувања кој помага во намалување на топлотните бранови кои се појавуваат навечер.

Валунзите завршуваат со потење и привремено опаѓање на телесната температура. Можат да се појават во текот на денот, но почесто навечер и додека спиете, дури до 30 пати дневно. Траат до 10 минути, а притоа може да се појави забрзано чукање на срцето и промени во дишењето. Откако брановите ќе минат, на многу жени облеката им е мокра од пот, која потоа го лади телото.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе