Чистењето на валканите патики звучи како интересна занимација, сѐ додека не дојде моментот за акција – и тогаш сфаќате дека пред вас е тешка задача која содржи многу фактори за да биде завршена како што треба.
За да си ја олесните работата, разгледајте го овој водич полн со совети за процесот на чистење на патики.
Повеќе фактори влијаат на процесот на чистење на патиките, како што се материјалот од кој е направена патиката, производите за чистење и начинот на нивно користење, како и алатките кои можете да ги искористите.
Одредени материјали како на пример антилоп (превртена кожа) бараат посебна нега и различен пристап на чистење, но овој водич ќе ви помогне со чистењето на поголемиот дел од патиките направени од конвенционални материјали. Пред да го погледнете видеото кое се наоѓа најдолу, треба да дознаете каква опрема ви е потребна за да почнете со чистење.
Што ви е потребно за да започнете со чистење на патиките?
- Крпа
- Голема четка
- Средство за чистење
- Четка за заби
- Спреј за кожа
- Нови врвки
- Сунѓер
- Микрофибер крпа
- Влажни марамчиња
- Кофа или сад за вода
Пред да почнете со чистење, распоредете ги сите овие работи блиску до вас за да ви бидат на дофат, а потоа убаво протресете ја патиката за да ја тргнете површинската прашина и песокот/нечистотијата од ѓоновите. А потоа, следете ги чекорите и инструкциите од видеото подолу.
Откако ќе ги исчистите патиките, оставете ги убаво да се исушат пред да ги ставите на нога. Ако сте во можност, би било добро да ги попрскате со спреј за одржување, кој може да се најде во продавниците специјализирани за обувки.