Како да го активирате „тајниот“ Dark mode на Facebook Messenger?

Минатиот октомври, од Facebook беше најавено дека во 2019 година ќе се појави Dark mode за апликацијата Messenger. Неколку месеци подоцна, сѐ уште нема официјална потврда од Facebook за оваа опција, но откривме дека можете самите да ја активирате со помош на кратка, едноставна постапка.

Dark mode на Facebook Messenger може да биде активиран рачно, со внесување на емоџи од Месечината во прозорецот за разговор.

Отворете го било кој прозорец за разговор со вашите пријатели и испратете емоџи од Месечината. Испраќајте континуирано сѐ додека во прозорецот не се појави пораката „You’ve found dark mode!“. Под неа ќе се појави тастер со ознака „Turn on in Settings“, и со притискање на тој тастер корисникот ќе биде проследен во менито Settings во Facebook Messenger, каде ќе може да ја види опцијата Dark mode.

Покрај опцијата ќе биде достапен toggle тастер, за вклучување/исклучување на темната верзија на апликацијата. Откако ќе биде вклучен Dark mode, ќе се појави порака која вели дека Facebook и понатаму работи на оваа функција, па затоа темната верзија нема да биде видлива секаде во апликацијата.

Засега не е потврдено дали овој метод на активирање на Dark mode работи во сите земји и кај сите корисници, но сепак добро е да се знае дека можеме да ја очекуваме целосната верзија наскоро.

реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе